Кога девојка знае да стане кучка, опасно е

Јас нема да те следам- каде си, со кого си, кога си доаѓаш од излегувањата, колку пијалаци пиеш, колку девојки погледнуваш. Мене, мене ми е доволна само малку љубов, тронка внимание за да ти верувам безусловно. И да, тоа не треба да значи дека ако ме повредиш јас никогаш нема да дознаам за тоа. Напротив, ќе бидам онаа првата која ќе разбере. Нема да најмам приватен детектив да ме известува, ниту ќе се распрашувам низ селските муабети. Срцево ќе ми каже- ми станува немирно секогаш кога нешто не е во ред во врска со тебе. Ако некогаш очите те излажат, душата ти се предаде, телото те зароби, и посакаш да имаш некоја друга, комотно побарај ме. Извини ми се, но подготви ме на тоа што следува. Секако дека нема да ти простам многу долго време, но барем нема да ми тежи товарот на предавството. Откако ќе те напуштам, после некое време ќе се заледам, ќе ми стане можеби повеќе сеедно, па нема да те мразам. Ќе те сместам како добар дел од моето минато. Пази на едно нешто- не дозволувај срцево да ме извести пред ти да го сториш тоа. Зашто кога девојка знае да стане кучка, опасно е. Особено онаа добрата девојка!

-Кристина Цонкинска, 2014


Comments

Inamorta said…
ПРЕДОБРО!
БРАВО!!

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..