Наместо очајна, се' потрајна
Немој со таа лута фацка, драги. Кој рече дека не сакам да те имам? Насмевни се, опушти се. Дозволи ми да ја искористам слободата, маж цел живот ќе имам. Таква сум ти јас. Погледни друга, бакни трета, помини една вечер за себе. Занемари ги другите, биди среќен без правила. Точно дека животот е најубав кога ја споделуваш љубовта со некоја си подобра половина, но јас па и да не се придржувам баш кон тоа правило. Денес сум ладна како камен, утре расплакана и чувствителна, а веќе третиот ден отпорна како никогаш досега. Што да правам, природата ме создаде различна. Наместо да се каам, траам. Наместо да тагувам, се радувам. Наместо очајна, станувам се' потрајна.
-Кристина Цонкинска, 2014

Comments
Post a Comment