Заведувач со тактика

Тој е од оние што викаат те сакам, па исчезнуваат. Јас пак од тие што ќе му испцујат се` живо додека го нема. Ќе го замразам, ќе се заколнам дека е готово и ќе се заледам. И после некое време заедно со фразата „дал ме очи варају“ се појавува типов. Насмеан од шеска до шеска, те гледа заводливо, ти се уфрлува цела вечер во чекор. Му се муртиш, демек тргаш погледи, му маваш игнори, а тој упорно ти се смешка онака во фаца доведувајќи те до лудило. И што сакаш сега? Вртам грб, се препотувам, нервите ми се сечат од сам корен, кожава ми се собира, па отпуша. Идиот! Онака глумам недопирлива, го посматрам под око со јасен гнев и лутина. Тргни се бе! А овој посилен. Зема нова пијачка и само се џари. Конечно грб вртам, мислам сум го пресекла еднаш веќе. Ама пусто срце бе. Не ми дава да додржам. Пак се вртам со една поливина, ѕиркам, штракам со забите. Мангупот застанал со друга. А готово! Сега ја помина границата. И така залетано додека со крената глава се обидувам да излетам незабележана низ вратата, осеќам сенка зад себе. -Не брзај толку, со таа лутина ќе предизвикаш ураган- умира од смеење. Му се доближувам да му доделам врел шамар, онака заслужено, и немоќно прснувам во смеа. Ме фаќа во раце и така додека вриштам како киднапирана, сфаќам дека во моментов нема друго место на светов на кое би посакала да бидам.

-Кристина Цонкинска, 2014


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..