Таа нема повеќе да плаче

Таа нема повеќе да плаче, пријателе. Ги потроши сите солзи како што ти ги потроши шансите кај неа. Сега носи црвен кармин кој ја изразува нејзината сила и се смее погласно од било кога. Зошто да ја мразиш? Зошто да зборуваш наоколу лошо за неа? Таа само продолжи со својот живот. Сфати дека е залудно да се бори за нечии ладнокрвни зборови, додека може да танцува на подиумот од сечии топли дланки. Тешко и` било, зарем не гледаш? Но успеа. Стана најдобра придружба за самата себеси. Се претвори во прекрасен лебед со крилја кон иднината. Таа те заборави. Веќе се чита од нејзиниот поглед колку и` е сеедно кога се работи за тебе. Некогаш и` го ветуваше цел свет, а денес ја презираш. Сакаш да ја гледаш несреќна? Сакаш да биде скршена и без волја за живот? Зошто би била, таа не изгуби ништо. Ти изгуби се`, ама пак среќен си. Зошто таа да тагува?

-Кристина Цонкинска, 2014


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..