Наречете ме девојка со ледено срце
Јас сум само млада и неискусна. Девојка со ледено срце која се откажа од сопствените чувства. Јас сум марионета на својата мелодрама. Се грепчам со ноктите по стрмнините на животот, верувајќи дека така за сламка ќе го спречам падот кон дното. Ако ме прашате зошто го затворив срцето, нема да ви одговорам. Не знам ни јас. Само тишината знае. Онаа ноќна тишина која поставува прашања, а не ги знае одговорите. Но, таа нема да ви каже. Таа никогаш не зборува, иако нејзините зборови премногу болат. Таа нема што да каже, а има премногу за кажување. И таа како мене не ги сака прашањата. Затоа често избегнувам да го раскажувам мојот живот. Одличен сум слушател, слушам се` освен ехото на мојата душа. Често тие правци се разминуваат и никогаш не се среќаваат. Премногу знам, а премалку практикувам. Многу учам, а сепак ништо не научувам. Одличен сум ученик, а лош наставник. Не знам да направам другите да платат за своите грешки. Не умеам да казнувам никого, најмалку да се одмаздувам. Вината ја префрлам најпрво на себе, зошто сметам дека така ќе биде полесно. И секогаш се лажам. Така е најтешко. Ме прашуваат зошто го бирам потешкиот пат, а јас ги прашувам „каков друг пат освен него постои“?
-Кристина Цонкинска, 2014

Comments
Post a Comment