Ти благодарам што замина


Не си ти победник. Ти не постигна негативен ефект со тоа што ме уништи. Ме распарчуваше на делови смеејќи ми се зад грб, додека јас се градев одново и ги поставив најважните темели на мојот живот. Застанав цврсто на нозе и се издигнав високо над тебе. На еден начин созреав. Ти ми беше најголема мотивација тогаш кога најмалку очекував да бидам мотивирана од тебе. Со тоа што ме повредуваше, ми докажуваше дека не смеам да бидам повредувана, дека заслужувам подобро, најдобро. Ти ми покажа дека треба да го сменам и правецот, не само насоката. Ми влеваше надеж дека еден ден ќе дојде некој кој ќе знае да го изложи најдоброто од себе, а и од мене. Гледајќи те од се` поголема и поголема височина, сфатив дека се издигнувам. Дотогаш не знаев. Веројатно ти ми беше пречка за да се докажам себеси во вистинското светло. Едно скалило погоре ми ја зголемуваше среќата и самодовербата за еден тон. Јас ја создадов хармонијата на моето секојдневие. И воопшто не се каам што некогаш тоа секојдневие го делев со тебе. Никогаш не ме научи на добро, но лошото целосно го совладав. А таа лекција ми беше многу поважна. Ти благодарам што ми докажа дека треба да живеам, тогаш кога мислев дека ја изгубив причината за живот. Ти благодарам што замина.

-Кристина Цонкинска, 2014


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..