Го сакам, па што?

„Чекај ме, доаѓам.“-рече и ја спушти слушалката. Како да не го знам, секогаш сакаше неговиот збор да биде последен, да биде по негово. Останав следните две минути закована во место чудејќи се што да правам со себеси. Ако останам, уште еднаш ќе се изгорам. Ако заминам, криво ќе ми биде и никогаш нема да дознаам. Ама идиотот беше побрз и од мојот проклет памет оваа ноќ. Се втурна низ вратата како разбојник, ме огреа со широка насмевка, а јас веќе занемев. Нормално дека не можев да одолеам повторно на тој негов шарм кој ме маѓепсуваше секојпат одново и одново, ама се правев дека веќе ми е доволно, дека овојпат стварно ми е доста од тие глупави игри. „Си одам, остави ме!“-неуморно извикував не гледајќи го во крупните очи кои подбивно и заводливо ми се смешкаа. -Јас тебе? Никогаш. -Никогаш? Дали ти воопшто си со мене? Дали некогаш воопшто си бил? „Хм, остави ме да се сетам“- провокативно ги збрчка образите во обид да не излезе ужасната смеа насобрана во него. -Идиот! Идиот! Т...