Не сакаше да ја има, а најмногу мразеше да ја има некој друг
Таа не знаеше што ѝ беше тој. Еден ден ѝ беше љубов, другиот ден странец, а потоа необјаснива појава која привремено престојува во нејзиниот живот. Тој стоеше на прагот плашејќи се да влезе во нејзиното срце. Стоеше и намерно го попречуваше патот на оние кои ѝ ја носеа нивната љубов на дланка. Нему тоа му сметаше. Не сакаше да ја има, а најмногу мразеше да ја има некој друг. За разлика од него, таа беше девојка која свесно знае што сака. Се бореше до крај, но знаеше и да стави крај. Кога си одеше не остави трага, но беше свесна дека остави прашина. Во тоа недефинирано множество на елементи, тој го изгуби и последниот атом на љубов кој беше секогаш тука да го пополни неговото срце.
-Кристина Цонкинска, 2015
Comments
Post a Comment