Posts

Showing posts from March, 2015

А што ако не се бориш за својот сон?

Image
Огледалото веќе одамна мојот одраз го пренасочува во некои други времиња. Некои таканаречени „иднини“. „Идат“, доаѓаат.. И јас стојам и се гледам. Така препуштено, така незаинтересирано и без волја за борба. Ми се менува оделото, ликот можеби ист, малку со посериозен тон во главните црти. Ќе биде некој ден. Можеби ќе ја облечам таа униформа..Можеби и мојата пријателка од соседството ќе стане балерина. Веројатно и сестра ми ќе биде учителка на моите деца.. Ќе бидеме сите. „Ако даде Бог“-знаеме да речеме.. „Ако судбината сака“.. А времето тече, а желбите стануваат сè понедостижни. Или тие си се достижни, само ние свесно се оддалечуваме од нив.Забораваме и да сонуваме. Не се сонува со получасовно спиење. Таму соништата не постојат, тогаш сè уште се недооформени.. Со што ги заменивме нашите мечти? Нереален свет, глобализација, виртуелност.. Чинам секој ден доаѓа први април и ни наметнува маски на различни улоги. И свесно си ги прифаќаме. А што е со вредностите? Ќе бидеме сè. И доктори,...

Премногу добро за да биде реално

Image
Немирните езерски бранови ја мрсеја мојата полупуштена коса, галјеќи ги прамените и внесувајќи нов тон на студенило кое ми ја ежеше кожата. Небото ја беше завртело својата најлична страна, и како рамка на прекрасната фотографија ги сочувуваше најубавите сочни детали на крајбрежниот пејсаж. Ми ја смрзна крвта еден допир кон близината на моите бедра, а ја зовре длабочината во моето срце. Пулсот паузираше чинам за секунда, додека ротирајќи се` пробував да најдам начин да се соочам со она што навидум стоеше позади мене. Познат допир. Навикнат парфем. Мојата омилена нота на ѓумбир зачинета со обвивка на кашмир. И повторен стисок во паузата помеѓу дишењето. Ритам на срце кој пулсира еднакво некаде меѓу границите на тивката вода и гласниот одек на некое одамнешно дежа-ву кое ги запира мислите и се поистоветува со чувствата. Се свртев и знаев дека ќе се пресечам. Моите зеници го фокусираа баш оној лик по кој истовремено копнеев и идентично го мразев. Тој не се смееше. Се појави со наполно сер...

Од другата страна се` е поразлично

Image
Гледав долго време низ одамна затворената врата, ѕиркав, наслушував чекајќи еден единствен звук, крик, постоење, трага. Не пронајдов ништо. Бравата ја беше заклучила мојата гордост, а клучот го смести онаму каде што успеа да остане недостапен за моите желби. Толку рамно на невозможно беше продирањето кон другата страна. Тоа бев повеќе јас, отколку некој друг. Таму спиеше мојата темнина и се будеше пред зори потсетувајќи ме дека и овој сон нема да помине без длабоко сокриените копнежи во тунелите на безнадежноста. Веќе заборавав да чекорам кон таа насока. Знаев дека два-три чекори ќе ме вратат назад во реалноста и повторно ќе се плашам од ноќта. Ќе ја довикувам да ја обвие мојата постела и да ми прошепоти дека тој некаде е среќен, колку за да можам и јас да бидам. Ќе ги склопувам очите по којзнае кој пат молејќи се утредента да не ме разбуди истата помисла. И ќе се будам сфаќајќи дека уште долго ќе додава таа болка тажна нијанса на новото утро. Затоа, мразев да се менувам заедно со вре...

Неповторлива! И запомнета.

Image
Да, дојде и тој ден. Дојде денот кога таа престана да се измачува себеси со реторичките прашања. Каде е? Со кого е? Која девојка љуби додека таа се обвинува себеси поради тоа што не е способна да биде негова? Некако повеќе не беше важно. Или да и беше, замина по водата. Го однесе бран, се помири со невремето. И што ќе смени кога би знаела? Што ако врне, кога не може да спречи? Само ќе се штити. Ќе седи и ќе гледа од далечина. Ќе посматра како капките паѓаат, ама нема да се навлажнува. Ќе гледа како улиците се претвораат во река и не можат да ја видат неа. Нема да постои таму. Ќе биде позади местото на злосторот. Ќе слуша насекаде. Зборуваат колку што можат. Кажуваат дека сите ги повредува, а најмногу сам себеси. Ќе биде тажна и среќна. Ама веќе нема да се двоуми. Стивна и таа болка, сеедно е сега. Се реши веќе, немаше назад. И колку повеќе слушаше, толку повеќе посакуваше никогаш да не беше дел од таа приказна со теглата во која тој збира скршени срца. Знаеше дека нејзиното го чува та...