Posts

Showing posts from April, 2015

Да не го сакав толку многу..

Image
Ќе го проколнев. Да не го сакав толку многу, ќе го уништев. Ќе му посакав сè најлошо. Бидејќи сè од тоа заслужил. Можеби и многу повеќе. Да не го сакав толку многу, ќе го мразев. Ќе го мразев од дното на душата. Ама, се откажав од сè. Повторно поради него се откажав од сопствените соништа. Да можев само да го заборавам, само на момент да заборавам дека јас после него не љубам. Барем да можев да продолжам некако, било како. Да не е тој сè уште тука. Да прифатев нов почеток. Да не го сакав толку многу, ќе го избришев како бледа дамка. Ќе се молев да не биде среќен со неа. Ќе сакав да го изневери, да го уништи, да му наплати за сè она што јас не успеав. Но, срцето не ми сака. Ќе го гледам со друга и среќа ќе му посакувам. Проклета да сум и оваа љубов во мене која ме смени за цел живот. Да не го сакав толку многу, ќе имав друг покрај себе. Некој кој многу добро ја знае мојата вредност. Но, сите нив ги повредувам. Учев од најдобриот, за жал. И станав најлош ученик. Сè уште не научив да жив...

Малечка

Image
„Не, нема да може вака. Не ме разбираш, малечка. Ние сме два различни светови. Јас одам на север, ти се стремиш кој југ. Ние никогаш нема да се стигнеме. Знаеш што, најдобро е да се откажеме. Нека престане ова лудило. Ниту вчера бев тука, ниту ќе бидам утре. Ќе се навикнеш. На мене се навикна за два дена, за четири ќе се одвикнеш. Можеби ќе ти треба некој сличен во ноќите кога старите рани знаат да болат, но нека биде тука некој што те разбира. Јас нема да те сфаќам. Ти бараш љубов, а бегаш од неа. Ти сакаш да те љубат, а се плашиш да љубиш. Правиш еден чекор напред, а три се враќаш наназад. Јас овие игри напамет ги научив. Повеќе не ми се интересни. Тебе ти треба слобода, а јас повеќе не ја сакам. Сакам некоја покрај мене, а ти не си вистинската. Тебе ти е во интерес тоа друштво таму, тие пијалаци и кафиња кои јас одамна ги пиев, тие дискотеки, забави и луди ноќи. Мене тие ми здодеаа. Сега моите цели се други. Моите надежи се надвор од твојот хоризонт. Те сакам, ама не можам да бидам...

Секој си го добива она што го заслужил

Image
Нема повеќе да боли, девојко! Секој непосакуван гостин кога-тогаш си ги пакува куферите за повратниот правец. И тагата која ти надвиснува над очните капаци ќе исчезне. Ќе заблескаш со силата на твојата убавина.  Црвен кармин, се сеќаваш? Флерт, кокет, погледи кои молат за минута внимание. Ќе бидеш најпривлечна и најнедостапна. Ќе зашиеш насмевки на местото раскинато од солзи. Ќе се појави и тој поради кого заборави како е да бидеш сакана. Ќе дојде уште еднаш за да ти докаже дека не сака да бидеш среќна. Ќе се појави за да ги засени атрибутите на твојата неодоливост. Нели секој човек се враќа тогаш кога ќе сфати дека можеш без него? Да, се враќа. Ама враќањето не игра никаква улога, кога чувствата веќе си заминале. Ќе бидеш ладна како камен, ќе бидеш ледена како санта мраз. Ќе го гледаш сè додека не го заболи рамнодушноста во твојот поглед. А потоа ќе го отвориш срцето за нови патеки. Ќе бидеш и ледена и медена, и слатка и отровна, ама ќе ја играш главната улога. Ќе бидеш онаа ко...

Животот ги сменил прашањата

Image
И не се сите исти под ова небо. Не се сите како неа. Ниту како него. Всушност никој не е ниту сличен. Нема ниту една карактеристика. Одиш, талкаш по улиците и секое лице ти изгледа познато..Некоја црта те потсетува. Некој дел од нечие лице те навраќа на спомени. И сите ти се исти, да. А всушност никој не е како неа. Неа никој нема да ја замени. Долгите прошетки преточени во стисоци на две силни раце, бавните, спори бакнежи на старата ваша клупа, забавите во дискотеките каде музиката ја ткаеше вашата приказна, нејзините смотани насмевки кога сфаќа дека згрешила, сите изрази на лицето кога е лута, кога сака да се лути а смеата ја надвладува.. Не е никој ниту како него. Ќе ги претвораш ноќите во поле за борба со солзите, ќе бараш утеха во друг. Ама џабе не се рекло, илјада во очи еден во срце. Никој нема да биде како него. Долгите разговори во кои те советува, моментите кога сака да се направи важен, изненадувањата кои не умее да ги премолчи, прегратките кои ги добиваше кога најмалку очек...

Чудни времиња, уште почудни луѓе..

Image
Момчињата имаат една лоша навика. И девојките исто. Подеднакво. Пребрзо живеат, пребрзо засакуваат, преспоро забораваат и свесно се повредуваат. Во една порака животот го преточуваат. Со реферати долгогодишни врски раскинуваат, без во очи да се гледаат, без гласот да си го слушаат. Без можност за покајување, без топлина на прегратките, без солзи при разделбите. Во еден текст просто веруваат, кокетот на телото го забораваат, контактот со погледот го занемаруваат, треперењето на рацете го изоставуваат, пулсот на срцето и лежењето на градите го отфрлуваат. Потоа осаменоста ја обвинуваат, како единствен виновник за нивната несреќа. А не знаат да се извинат, ниту да простат. Тие зборови не се во нивниот речник, не. И свесно си ја губат и љубовта, и желбата, и волјата и намерата. Залудно е тука борба. Што дека се бориш кога се откажуваш тогаш кога доаѓа најтешкото? Исто е. И со момците и девојките. Еден на друг се навикнуваат. А потоа не признаваат. Не веруваат дека толку ноќи и денови потр...

Таа беше ремек дело, а јас никогаш не научив да сликам

Image
„Таа беше ремек-дело, а јас никогаш не научив да сликам. Секоја нијанса нанесена од моите немарливи раце ги менуваше цртите на совршено создадениот лик. И покрај сè таа дозволуваше јас да бидам уметникот кој среќата ја брои во грамови и скржаво ја крие под пазувите на сопствените гордости. Понекогаш додека се трудев да го нацртам сјајот во нејзините очи, бојата умееше да се слее претопувајќи се во  солзи. Срцето ме болеше, да признаам, гледајќи колку свесно уништувам скапоцен дар кој треба да биде најпретпазливо сочуван. Сакав да ја гледам таа слика која го красеше мојот идентитет накитувајќи ме со безброј епитети. На тој начин моето его бескрајно се исполнуваше, што чувствата забораваа дека воопшто се наоѓаат некаде во длабинските празнини на мојата чудесна внатрешност. Отсекогаш бев перфекционист, а сега за првпат ми припаѓаше нешто толку перфектно. Веројатно и бев толку заслепен од сопственото задоволство додека ја гледав, што заборавав дека треба да ја заштитам. Таа се кршеше,...