Чудни времиња, уште почудни луѓе..

Момчињата имаат една лоша навика. И девојките исто. Подеднакво. Пребрзо живеат, пребрзо засакуваат, преспоро забораваат и свесно се повредуваат. Во една порака животот го преточуваат. Со реферати долгогодишни врски раскинуваат, без во очи да се гледаат, без гласот да си го слушаат. Без можност за покајување, без топлина на прегратките, без солзи при разделбите. Во еден текст просто веруваат, кокетот на телото го забораваат, контактот со погледот го занемаруваат, треперењето на рацете го изоставуваат, пулсот на срцето и лежењето на градите го отфрлуваат. Потоа осаменоста ја обвинуваат, како единствен виновник за нивната несреќа. А не знаат да се извинат, ниту да простат. Тие зборови не се во нивниот речник, не. И свесно си ја губат и љубовта, и желбата, и волјата и намерата. Залудно е тука борба. Што дека се бориш кога се откажуваш тогаш кога доаѓа најтешкото? Исто е. И со момците и девојките. Еден на друг се навикнуваат. А потоа не признаваат. Не веруваат дека толку ноќи и денови потрошиле трудејќи се да добијат нешто што сега не го сакаат. Зошто ? Повеќе не е интересно? Или поинтересно е туѓото? Или тие не се свесни што имаат се додека останат без него. Или се додека не стане доцна за да го вратат. И тогаш си се помируваат. „Така требало да биде.“ Ама ништо така не требало да биде. Така тие направиле да биде. Си ја префрлаат вината еден на друг и на крај двајцата повредени. А всушност не е никој. Можеле да имаат сè, а одбрале да немаат ништо. Чудни времиња, уште почудни луѓе. Рушат нешто што го створиле самите. Бегаат од она по што некогаш трчале. Лижат онаму каде некогаш плукале..Се враќаат таму каде прав не оставиле.

-Кристина Цонкинска, 2015


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..