Животот ги сменил прашањата
И не се сите исти под ова небо. Не се сите како неа. Ниту како него. Всушност никој не е ниту сличен. Нема ниту една карактеристика. Одиш, талкаш по улиците и секое лице ти изгледа познато..Некоја црта те потсетува. Некој дел од нечие лице те навраќа на спомени. И сите ти се исти, да. А всушност никој не е како неа. Неа никој нема да ја замени. Долгите прошетки преточени во стисоци на две силни раце, бавните, спори бакнежи на старата ваша клупа, забавите во дискотеките каде музиката ја ткаеше вашата приказна, нејзините смотани насмевки кога сфаќа дека згрешила, сите изрази на лицето кога е лута, кога сака да се лути а смеата ја надвладува.. Не е никој ниту како него. Ќе ги претвораш ноќите во поле за борба со солзите, ќе бараш утеха во друг. Ама џабе не се рекло, илјада во очи еден во срце. Никој нема да биде како него. Долгите разговори во кои те советува, моментите кога сака да се направи важен, изненадувањата кои не умее да ги премолчи, прегратките кои ги добиваше кога најмалку очекуваш, сјајот во очите додека те гледа и заборава на светот околу него. Ништо од тоа нема да се врати. Ти мислиш тој заборавил. Тој тврди ти повеќе не се сеќаваш. И сè е само заблуда. А сеќавањата постојат. Тие одат секаде каде што одиш ти. Патуваат низ истите улици, поминуваат низ оние места каде некогаш си бил среќен и те тераат солзи да рониш. Те носат низ истите оние патеки иако сега патуваш со друга. Те враќаат на истите оние датуми иако сега правиш спомени со друг. Разликата е што не си среќен. Проблемот е што тој не може да ја усреќи неа. А ти си се откажал од она што ти е најдраго. Си го предал во туѓи раце, а те болат допирите кога на друга и` ги доделуваш. И ќе се вртиш назад цел живот, мислејќи дека нешто ќе се смени. Ама сè се менува освен вас. Ќе останете желни еден за друг, а засекогаш еден без друг... Ќе се запрашате еден ден: „Зошто?“ Тогаш ќе ги знаете можеби одговорите, но џабе. Животот веќе ги сменил прашањата...

Comments
Post a Comment