Сама
„Не...тоа име, не! Немој. Немојте. Не изговарајте го, вие улици валкани. Ќе ги чувствувам пак тие чекори. Ќе боли пак како вчера. Немој денес. Не го изговарајте, дрвја зелени. Пак ќе помислам дека сте круна на нашата љубов. Пак ќе ја барам, и ќе се загубам барајќи ја. Вие немирни бранови, молчете. Не ја носете со себе таа насмевка. Ќе ме тера да се смеам. Ќе ме тера да заборавам како заврши. И ти, проклет граду. Не ги прави овие ноќи неподносливи. Ќе ме тераат да се сеќавам. Во реалноста ќе ме враќаат. Трезвено ќе ми шепотат дека сама останав. “ -Кристина Цонкинска, 2015