Единствена, прости ми..
Прости ми, единствена моја, што сега љубам друга. Јас така морам. И кога ќе помислиш дека сум среќен со неа, те молам сопри ги солзите. Драга ми е, но нема да ја сакам. Нема ниедна да сакам после тебе. Знаеш која е разликата меѓу: „живееш“ и „само дишеш“? Јас дури и тешко дишам откако те нема тебе. Мојот свет е полутемен, моето сонце не изгрева целосно. Се гушам во сопствената совест, се давам во сопствените чувства кои не ми даваат да потонам. Ама никогаш нема да ти признаам, повеќе не ти се враќам. Не е поради неа, туку поради огромната љубов која го исполни и испразни моето срце за толку кратко време. Не знам да не те повредувам, а тоа е она што најмногу ме боли. Знаеш, ако уште еднаш те повредам, никогаш нема да си простам.. Најдобро е вака, единствена. Никогаш да не сум твој, а засекогаш да ти припаѓам.
Comments
Post a Comment