Храброста е одлика на оние кои љубат
На него пребрзо се навикнав. Можеби и чудно е колку малку време е потребно за да нечија насмевка ти влезе под кожа, нечии зборови најголема утеха и нечие присуство неизбежно потребно. Како и сите други приказни, и оваа започна тогаш кога времето беше против нас. Веројатно подобро ќе беше да не го запознаев токму сега, но што можам..Тука бев немоќна бидејќи знам дека некои работи се случуваат само еднаш во животот. Нему му ги посветувам мислите. И секој збор во овие реченици кој толку скришум ми измамува насмевки. Тој можеби е мојата неправилна одлука, но не се сеќавам дека некогаш сум се чувствувала поправилно во било чија близина. И да е најлош избор, чувствувам дека ќе биде мојот избор. И времињата ништо не ни можат. Ниту луѓето и пречките. За љубовта треба храброст. А храброста е одлика на оние кои љубат. Кога само еден ден би заборавиле на сè околу нас, верувам дека ние би биле најсреќните суштества на овој свет. А некогаш токму она што е потребно е само еден ден.. за сè да се промени!
-Кристина Цонкинска, 2015
-Кристина Цонкинска, 2015
Comments
Post a Comment