Абе, во глупак се заљубив.

Абе, во глупак се заљубив. Пак во глупак. Запази. Ама си изигравам јас поголема глупачка од него. Па ладнокрвна цура, недостижна дама. Го гледам и сè во мене се буди. А јас го заспивам. Го газам под нозе, го туркам подлабоко. Дур не заболи. А кога ќе заболи мора да се преправаш дека сè е во ред. Знаеш, некое старо правило. Смеј се и кога ти се плаче. Поминувам уз него и како случајно глава вртам. Погледи тргам. Тој си е во оној свој фазон не ме гледаш, не те гледам. Што да ти кажам, факт е дека никогаш нема да се стасаме. Се заљубив во оној кој кога сите одат на север, талка на југ. Оној кој пие макијато кога сите уживаат во еспресо. Оној кој гледа кошарка кога сите навиваат за фудбал. Оној кој пие виски кога сите пијат пиво. Оној кој ме гледа во очи и се смее знаејќи дека нема да одолеам на таа насмевка. Глупак е. Смотан. Идиот. Ама јас се заљубив. Знаеш што? Посреќна не сум била. Ме прави да се чувствувам како најголемата глупачка која може со една рака да го освои светот. Додека другата рака цврсто ја држи мојот глупак!

-Кристина Цонкинска, 2015



Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..