Барај некоја на мене да не личи
Дали ќе ти фалам- не знам. Не сум јас од тие што ќе ти треснат слушалка и ќе речат-Ќе ме бараш. Па и зошто да ме бараш кога сум рекла КРАЈ?
Нема од мене да слушнеш „Никогаш нема да најдеш девојка како мене“. Зошто би нашол некоја иста, кога со мене не ти успеа. Ќе ти речам јас само „-Барај различна. Барај на мене да не личи. Барај на мене да не те потсеќа.“ Ќе се насмевнам и ќе кажам: „Никоја нема да те сака како мене. Некоја ќе те сака повеќе. Некоја ќе биде мајка на твоите деца.Некоја никогаш нема да те остави“. А дали ќе ти требам понекогаш во доцните часови на ноќта кога спомените се премотуваат како на филмска лента, не знам. Сигурно јас нема да ти фалам. Можеби ќе ти фали моето внимание, сè додека некоја не ти посвети поголемо.
Можеби ќе ти требаат моите зборови, сè додека некоја не зборува погласно.
Можеби ќе ти недостасуваат моите допири, сè додека некоја не допира понежно.
Ќе ти фали љубов, а ќе ја најдеш. Јас тоа за крај ќе ти го посакам. Најди ја, бидејќи без неа ќе мислиш дека сè уште ме сакаш, а нема. Само немој, нека не се труди како мене. Нека ти створи друга приказна, нека те води во други светови, нека ти зашие стари спомени. Нека не личи на мене, да не згрешиш во сон името да ми го изговориш.
-Кристина Цонкинска, 2015

Comments
Post a Comment