Ако ти сметам, тргни ми се од патот!

Упорно ми влегуваш во чекор. Одот ми го пресекуваш. 

-До каде сме? -Што те нема?

Те гледам и ти се чудам како очекуваш после сè да ме има во твојот фамозен круг на движење.
-Што ме следиш? Нели ти сметав? Нели добра бев?
 Досадна бев, ти текнува?- повеќе за себе отколку за тебе

Се вртиш како да не ме слушаш. Тивко како за себе шепотиш. Се препотуваш и на крај како низ пушка ти излетува: 
-Не глуми повеќе. Те сакам. Сфатив. Доцна е, ама не е предоцна.

Сосила се изнасмејувам:
-И јас те сакав. Со Ф, зошто беше грешка. И се учи од грешките ако не си знаел. И знаеш што? Ти мене не ме сакаш. Јас, јас само ти сметам. Ти смета среќна да ме гледаш. Ти смета со друг да ме посматраш. А сега ќе те замолам. Ако ти сметам, направи ми место да поминам. Тргни ми се од патот. 

-Кристина Цонкинска, 2015




Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..