Прави најдобро, за да ти се врати со најлошо!

Не плачам. Нема да плачам оваа вечер. Скапа ми е маскарата, нова ми е сенката. Нема да дозволам да ме уништат тие заради кои јас себеси се уништив.
Ме заменија. Ме отфрлија и око не им трепна. Ме оставија на цедило. Тогаш кога најтешко ми беше. Тогаш кога избор немав.
Тие. Истите тие за кои јас глава сечев. Тие за кои милион ноќи не проспав плачејќи со нив.
Не е нож ова, другар мој драг, секира е. Не е во грб, во срце е. Во лице е. Така за најмногу да боли. За да сече. Да крвари раната. Невидлива ме обоија. Тагата ми ја донесоа на послужавник. Ми рекоа пиј од неа. Ми рекоа утре сама ќе си. Ми рекоа си одиме ние.
Емотивна сум, другар, иако никогаш тоа не го покажував. Емотивна будала кога станува збор за врзувањето. Ќе отплеткувам, отплеткувам.. На крај, пак ќе одложам. Низ прсти ќе прогледам. Ќе простувам пак. Ама знаеш што? Мене виновна ќе ме направат. Виновна ќе бидам што сум била осамена. Ќе треба да се извинам. Да си простам што правев најдобро, а добив најлошо. Да им се извинам што раце во оган ставав, за на крај да ми изгорат.
Ова е таа формула која злобата во луѓето ти ја сервира на твојата кревка душа.
Прави најдобро, за да ти се врати со најлошо. Биди сам, само немој со луѓе кои те прават да се чувствуваш сам!

-Кристина Цонкинска, 2015


Comments

Popular posts from this blog

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

„Љубов“ те потпишав

Ако јас сум прашање, измисли одговор..