Оди си дома! Јас сум девојката на неговиот живот
Ти кажа два-три слатки збора, се залета убавице?
Мене ми кажуваше илјада пред да ме освои.
Те покани на вотка?
Мене со месеци ме канеше на кафе.
Ти го испофали телото?
Мене ми ја фалеше насмевката.
Ти рече дека е слободен?
Јас мислев дека е зафатен.
Оди си дома кукло. Немаш ни половина од моите години. Лесно ќе те освои, тешко ќе го оставиш. За мене планини подигаше, а сега позади нив се сокрива. Со мене години мина, а сега за ден по вода ги прати.
Ти си девојката на една негова вечер, јас сум девојката на неговиот живот.
Мислиш дека сум глупава, нели?
Да, имаш право. Го познавам многу повеќе од тебе. Таков е тој. Во грешки животот го минува. Јас тие грешки му ги простувам. Јас илјада шанси му давам. Тој со солзи во очите ми се враќа. Ми зборува дека ќе ме ожени, а јас само се смешкам. Лежи на моите гради и прошка од мене бара. Ми ги покажува своите слабости, за јас сила да му давам.
Глупава сум, нели?
Тој со други се смее, а само со мене плаче.
Тој со други зборува, а со мене ужива во тишината.
Тој со други е силен, а со мене слаб.
Тој кај други оди, а само кај мене се враќа.
Тој е човекот на мојот живот. А ти, кој фактор си ти мала?
Comments
Post a Comment