Posts

Showing posts from July, 2016

Ниеден не е тој!

Image
Ниеден не е како него. Затоа што ниеден друг не е туѓ, затоа што ниеден друг не умее да ме насмее на тој негов начин. Ниеден не е тој, бидејќи никој друг не умеам да го сакам и мразам истовремено, да го уништувам и составувам, да го туркам и приближувам од себе кога ми е најпотребен. Ниеден не е тој, бидејќи никогаш не доаѓа на време, никогаш не го исполнува кажаното, никогаш не го слуша срцето. Само тој го знае тоа, да се појави тогаш кога ќе решам да го заборавам, да се истурка во толпата за да го приметам, да се инаети повеќе кога јас се инаетам, да ме збунува откако ќе се убедам. Ниеден не е како него, а што вие знаете? Ниеден не е како него, бидејќи не е мој. Бидејќи никогаш нема мој да биде. Затоа што не сме еден за друг. Затоа што патиштата ни се вкрстија. Чекорите ни се здружија. Затоа што судбината не спои. Ама, погрешно време било. Погрешно место било. Ниеден не е како него, бидејќи тоа ми го шепоти без да зборува. Проклето да е тоа погрешно време, и тоа погрешно место. И с...

Ама, јас бев секогаш тука

Image
Ама, јас бев секогаш тука...- Ладниот воздух ме пресече на половина реченица, и ветерот како ехо ги однесе тие зборови некаде далеку позади планините. Сакав да трчам и да избегам некаде далеку, сакав иако знаев дека нема тој да трне да ме бара. Можеби и не беше судено да ги чуе тие зборови од мене, можеби сепак не ги заслужи, или беа доволно силни за да му го распарчат срцето. Стоев во далечината и се прашував како понатаму? Дали има понатаму? Ама, јас дадов сè.. Молчев гледајќи во една точка, а се чувствував како цело време да зборувам. И усните ми модрееја од неговите лажни бакнежи, и прстите ми играа од неговите случајни допири. Го гледав него и го гушкав силно, го гушкав силно како да е тоа за последен пат. Му посакав среќа со неа, и пријателски стисок на раката, слаб. Му се приближив и на уво му шепнав, не знам, или чинам му шепотев на уво. „Многу совети ти дадов. Кажи ми сега ти, како ќе живеам со тоа? И не, не ми се слеа солза, јас од среќа плачам. Биди среќен, бидејќи без тебе ...

Под кожа го чувам.

Image
Тој знаеше дека никогаш нема да види солзи на моето лице. Можеби и затоа толку нереална му изгледав. Му кажував дека го сакам, и дека сум откажана, и дека никогаш нема да сме заедно бидејќи тој тоа не го заслужил. Не знам зашто, ама многу ме ценеше. Знаеше да ми зборува дека чудата се возможни, само бидејќи јас во чуда не верував. Некако сакаше да ми се извини, можеби бидејќи не можеше да возврати на моите чувства. Можеби бидејќи и да ми возврати никогаш тоа нема да ми го каже. Или пак, додека љуби друга затвора очи и понекогаш на мојот лик се присеќа. Тој беше за мене сон. Го мразев многу повеќе отколку што заслужил, бидејќи само така можев да го сокријам она што срцето в гради ми врескаше. Ама, многу лажев. Многу лажев кога со него седев, и кога срцебиењата ги прескокаа бариерите на издржливост. Лажев дека друг љубам, дека во сини светови се будам, дека небото посебно сјае. И во заборав дека го испратив. Тој ми веруваше. Многу веруваше во моите приказни измислени, во моите лажни илуз...