Под кожа го чувам.
Тој знаеше дека никогаш нема да види солзи на моето лице. Можеби и затоа толку нереална му изгледав. Му кажував дека го сакам, и дека сум откажана, и дека никогаш нема да сме заедно бидејќи тој тоа не го заслужил. Не знам зашто, ама многу ме ценеше. Знаеше да ми зборува дека чудата се возможни, само бидејќи јас во чуда не верував. Некако сакаше да ми се извини, можеби бидејќи не можеше да возврати на моите чувства. Можеби бидејќи и да ми возврати никогаш тоа нема да ми го каже. Или пак, додека љуби друга затвора очи и понекогаш на мојот лик се присеќа. Тој беше за мене сон. Го мразев многу повеќе отколку што заслужил, бидејќи само така можев да го сокријам она што срцето в гради ми врескаше. Ама, многу лажев. Многу лажев кога со него седев, и кога срцебиењата ги прескокаа бариерите на издржливост. Лажев дека друг љубам, дека во сини светови се будам, дека небото посебно сјае. И во заборав дека го испратив. Тој ми веруваше. Многу веруваше во моите приказни измислени, во моите лажни илузии, во моите зборови напишани.. Веруваше во тие листови хартија скинати, проба да ги состави, проба да ги залепи.. Само во едно не веруваше. Дека неговото име на моите ѕидови го испишав. Со тие спрејови знаеш, што траат. Тие што никогаш не избледуваат, не се бришат. Тие што за спомени ги чуваат. Знаеш, како тетоважа, слично нешто го исцртав. Ми викаа -немој, цел живот ќе го носиш. Па и онака под кожа го чувам..
-Кристина Цонкинска, 2016
-Кристина Цонкинска, 2016
Comments
Post a Comment