Ама, јас бев секогаш тука
Ама, јас бев секогаш тука...- Ладниот воздух ме пресече на половина реченица, и ветерот како ехо ги однесе тие зборови некаде далеку позади планините. Сакав да трчам и да избегам некаде далеку, сакав иако знаев дека нема тој да трне да ме бара. Можеби и не беше судено да ги чуе тие зборови од мене, можеби сепак не ги заслужи, или беа доволно силни за да му го распарчат срцето. Стоев во далечината и се прашував како понатаму? Дали има понатаму? Ама, јас дадов сè.. Молчев гледајќи во една точка, а се чувствував како цело време да зборувам. И усните ми модрееја од неговите лажни бакнежи, и прстите ми играа од неговите случајни допири. Го гледав него и го гушкав силно, го гушкав силно како да е тоа за последен пат. Му посакав среќа со неа, и пријателски стисок на раката, слаб. Му се приближив и на уво му шепнав, не знам, или чинам му шепотев на уво. „Многу совети ти дадов. Кажи ми сега ти, како ќе живеам со тоа? И не, не ми се слеа солза, јас од среќа плачам. Биди среќен, бидејќи без тебе среќа е сè друго што мене ми остана“
-Кристина Цонкинска, 2016
-Кристина Цонкинска, 2016
Comments
1) Врати се дечко
2) Повторно обединете маж или жена
3) Ако имате кошмари
4) Исцелување на ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) Магија за среќа
7) Раскинување на опсесијата
8) Проблеми со породувањето и бременоста
9) среќен лотарски број
Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619
Post a Comment