Ниеден не е тој!
Ниеден не е како него. Затоа што ниеден друг не е туѓ, затоа што ниеден друг не умее да ме насмее на тој негов начин. Ниеден не е тој, бидејќи никој друг не умеам да го сакам и мразам истовремено, да го уништувам и составувам, да го туркам и приближувам од себе кога ми е најпотребен. Ниеден не е тој, бидејќи никогаш не доаѓа на време, никогаш не го исполнува кажаното, никогаш не го слуша срцето. Само тој го знае тоа, да се појави тогаш кога ќе решам да го заборавам, да се истурка во толпата за да го приметам, да се инаети повеќе кога јас се инаетам, да ме збунува откако ќе се убедам. Ниеден не е како него, а што вие знаете? Ниеден не е како него, бидејќи не е мој. Бидејќи никогаш нема мој да биде. Затоа што не сме еден за друг. Затоа што патиштата ни се вкрстија. Чекорите ни се здружија. Затоа што судбината не спои. Ама, погрешно време било. Погрешно место било. Ниеден не е како него, бидејќи тоа ми го шепоти без да зборува. Проклето да е тоа погрешно време, и тоа погрешно место. И сите други места на кои со него се смеам. И сите погрешни станици што кај него ќе ме водат, а никогаш мој нема да биде. Што ми можете вие? Улици валкани, чекори запрени, градови урнати ..Посилен е од сите вас, посилен е овој глас кој со неговото име ме буди. Мој е, јас ќе чекам право време. Јас, ќе сонувам ..
-Кристина Цонкинска, 2016
Comments
1) Врати се дечко
2) Повторно обединете маж или жена
3) Ако имате кошмари
4) Исцелување на ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) Магија за среќа
7) Раскинување на опсесијата
8) Проблеми со породувањето и бременоста
9) среќен лотарски број
Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619
Post a Comment