„Љубов“ те потпишав
Те испишав на празен лист. „Љубов“ те нареков. Нели е рано? Каде брзаш? Трчавме низ планинските патеки, и на животот му се смеевме, потписи на нашите срца си ставивме, и тетоважа на голиот грб. Не мислев дека ќе е волшебно. Не мислев дека нема да знам што друго да додадам до името твое. Љубов само напишав. Па, нели писателите се тажни луѓе? Да, и кога престанат да бидат тажни, престануваат да бидат писатели. Па кој би рекол? Твоите очи приказна ми пишуваа. Те сакав и копнеев по тебе кога толку близу ми беше. А далечините, тие хоризонтите ми ги стеснуваа. Тие во темните ноќи стихови ми пишуваа. Кој би рекол, љубов? Кој би рекол дека ние? Седевме на работ на нашите животни стории, кажувавме двосмислени работи, пиевме ладно пиво и меѓу срцата врели воздишки испраќавме. Ми рекоа еднаш порано дека среќата доаѓа еднаш во животот. Доаѓа за да те убеди дека претходно не си знаел што е среќа. Да ти докаже дека постојат нешта поголеми од најголемите. Дека постојат љубови над љубовите. Срца над срцата. И дека сродните души не се мит. Ама, љубовта доаѓа еднаш во животот- кога ќе ја доживееш ќе сфатиш дека ти всушност дотогаш и не си знаел што е тоа љубов. „Љубов“ те потпишав...
-Кристина Цонкинска, 2017
-Кристина Цонкинска, 2017
Comments
1) Врати се дечко
2) Повторно обединете маж или жена
3) Ако имате кошмари
4) Исцелување на ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) Магија за среќа
7) Раскинување на опсесијата
8) Проблеми со породувањето и бременоста
9) среќен лотарски број
Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619
Post a Comment