Posts

Showing posts from July, 2014

Ќе помине и оваа ноќ

Image
Остави, не сакам да се сомневам дали си со некоја друга вечерва. Оваа вечер ќе се поштедам себеси од непотребна болка. Љуби каде сакаш, милувај која сакаш, изјавувај љубов колку сакаш. Јас!? Јас ќе поминам уште една непреспиена ноќ, ништо страшно. Ќе издржам да не ме побараш цела вечност. Навикнав. Се навикнува човек и да повредува, и да биде повредуван. Разликата е во тоа што оној кој повредува не ги знае последиците, а оној кој е повредуван беше ги научил напамет. Се навикнува и на тага и на среќа. А потоа му станува сеедно. Не е исто кога си спремен на најлошото и кога воопшто не го очекуваш. Јас сум од посилните. Ти ме подготви на се'. Ме направи да станувам малку по малку ладнокрвна кога се работи за тебе. Да го притискам сопственото его од ѕид и да попуштам пред судбината. Ти битно ќе си ја задоволиш сопствената суета од трофејот за освоени девојки. Ќе спиеш безгрижно без да размислиш дали јас утре повторно ќе бидам тука за тебе. Нема ниту да се сомневаш. Отсекогаш си го бир...

Таа не заслужува медал. Таа е медал!

Image
. -Таа беше само моја опција, пријателе. Ја барав кога ми требаше, кога бев осамен во тивките часови на ноќта, а ниедна друга девојка не беше заинтересирана за тоа како се чувствувам. Јас бев нејзин приоритет. Ја држеше мојата рака за да ме теши додека силни дождови паѓаа над кровот од моето срце. Беше тука, спремна да ја замени секоја девојка на која јас плакнев очи кога се’ ми беше супер, кога алкохолот владееше со моите вени и кога таа беше единствената невидлива женска особа во толпата на лесни кучки. Таа беше свесна за тоа, но сепак секогаш дотрчуваше на мојот праг со детска надеж во нејзините очи и со искрена насмевка срамежливо прикриена над ретките прамени коса. Понаивно суштество и немав сретнато. Ми велеше дека не може да биде таа која ќе ја сакам, дека не може да ги замени моите неостварени љубови. Во право беше, таа не можеше да замени ниедна друга девојка во која јас гледав разонода или голотија, вештачка убавина или природна хаотичност. Никогаш не се потруди да го н...

Кога го видов и не почувствував ништо

Image
Кога го видов и не почувствував ништо, се исплашив. Се здрвев во место и стравував од помислата дека веќе ми е сеедно дали го гледам сам или со друга, дали среќен или тага наѕира од неговиот поглед. Не бев мотивирана и заведена од неговиот поглед, не бев заразена веќе од неговата насмевка. Само го гледав странецот кој стоеше пред мене и се чудев. Не верував дека ќе дојде денот кога кругот навистина ќе се заврти. Кога на неговите топли прегратки ќе возвраќам со прегратки полни со студ. Не очекував дека додека стои до мене и ме држи за рака, јас ќе лутам некаде далеку со мислите, ќе сонувам за нови светови и ќе замислувам нови желби додека ги гледаме ѕвездите. Сега почнав да го разбирам, почнав да сфаќам како се однесува човекот кога не чувствува. Тој почна да ме разбира мене. Почна да го нагризува мојата болка, да му се сервира мојата тага. Ништо страшно, само ги сменивме улогите. Сега знаев колку е лесно да го оставам, а колку непотрено да се борам. Го чекав овој ден за да се уверам во...

Ќе има и таков кој ќе те насмевнува

Image
Крени ја главата, драга. Избриши ги тие солзи. Тешко е знам, но барем за момент избриши ги. Нека не се слеваат да го упропастат и твојот кармин. Стави нов слој на маскара, погледни се во стаклото на огледалото. Изглуми насмевка. Прекрасна си! Вети си на себеси дека во наредните минути нема да ги гледаш сопствените солзи во тој одраз. Стави шминка, прекриј ја болката, маскирај ја тагата. Забораваш дека вредиш? Да. Секогаш кога твоите најубави очи плачат, ја омаловажуваат твојата вредност. Ти си кралица, запомни. Големите девојки не тагуваат. Тие само прават други да тагуваат по нив. Можеш да бидеш што ќе посакаш. Да имаш крај тебе маж достоен за твоите насмевки, вреден за твоето внимание. Само кукавиците расплакуваат девојка како тебе. Девојка која заслужува повеќе од што треба. Ти си богатство. За светот си само еден златник, но за некого ќе бидеш ковчег со целото богатство што го има во животот. Некој ќе те држи за рака и ќе те покажува на светот како негова принцеза. Ќе ти ги брише ...

Не ти се враќам!

Image
Ме бараш откако немаш со која? Откако милион порази избројав само за да те задржам покрај себе? Ме сакаш сега? Ме сакаше дури и тогаш кога ме издаде ? Кога ме изигра и ме заменуваше со милион други? Сега ли вредам? Или да, отсекогаш вредев повеќе од твоите љубовници со авантуристички дух избројани на прсти..Или да, тогаш демек си немал мозок за да сфатиш, си згрешил, кутриот..Треба да те жалам, нели? Мене не ме добиваш! Ако од оваа животна лекција не сум научила ни збор залудно си ми прочитана книга. А книга на која и го знам крајот не ми е повеќе интересна. И не би ја препрочитувала! Добро ти знаеш, како да привлечеш нови читателки кои ќе те остават после две-три прочитани реченици од твојата шмекерска приказна.Мене нема да ме видиш во редот од твоите шмизли за една вечер. А знам дека сум девојката на твојот живот. Токму онаа девојка која никогаш повеќе не ја добиваш во свои раце.Ме прокоцка за ситни пари, но каматата од мене ќе те следи цел проклет живот! -Кристина Цонкинска, ...

Вредиш, лепотице!

Image
Викаат: не знаеш што имаш се додека не го изгубиш тоа. Но дали некогаш некој се запрашал дали тоа ИЗГУБЕНОТО знае? Не би рекла дека постои подобар начин да се дознае сопствената вредност од губењето на личност која не е свесна за твоите квалитети. Ќе плачеш, да. Ќе боли. Секоја ноќ ќе легнуваш и будиш на перница влажна од солзи. Ќе се мразиш што не можеш против себе. И многу е тешко. Болката е срцепарачка, нескротлива, незапирлива. Тече како лава од вулкан кој одамна ја чекал својата ерупција. Пече како сонце среде јули. Те тера да избегаш од својата кожа, да се сокриеш и да престанеш да живееш- бидејќи нели додека си жив чувствуваш. Додека чувствуваш- боли. Распарчува! Те кине на делови без сожалување. Го крпиш сопствениот живот ден по ден- помислуваш дека нема да се опоравиш. И одеднаш, доаѓа ден кога се будиш и сфаќаш дека ништо друго на светот не е битно освен тоа да си среќен. Го прегрнуваш универзумот со двете раце и сфаќаш дека додека се насмевнуваш ти, животот возвраќа на твои...