Posts

„Странец во ноќта“

Image
Ги гледав оддалеку. Таа го беше облека својот вечерен фустан. Прамените од нејзината коса паѓаа надолж голиот грб, а потпетиците кои ѕвечкаа по темните улички беа преголем товар со кој се бореше во доцните часови. Тој товар не беше ништо за разлика од товарот кој го чувствуваше помеѓу нејзините гради. „Ќе се појави ли некаде во оваа ноќ? Ќе дојде ли да ме застане, да ми рече, моја си, не си оди, да ме фати за рака и да ме одведе во неговите светови?“ Нејзините другарки можеби и не забележаа кога таа ја напушти ноќната забава, обвиткани во топли прегратки и алкохол во нивната крв. Тие играа. Танцуваа на месечевата светлина, на отворениот ноќен клуб, како оган под ѕвездите кој гореше и оваа јунска ноќ. Таа се дружеше со солзите и ги преколнуваше да запрат. „И онака никој не гледа. И онака ноќта знае да избрише сè, и црниот фустан под колената, на него капнуваа и се губеа во црнилото кое го отсликуваше нејзиниот карактер. Милион порази, а толку успешна девојка. Илјадници таги и солзи, а ...

„Љубов“ те потпишав

Image
Те испишав на празен лист. „Љубов“ те нареков. Нели е рано? Каде брзаш? Трчавме низ планинските патеки, и на животот му се смеевме, потписи на нашите срца си ставивме, и тетоважа на голиот грб. Не мислев дека ќе е волшебно. Не мислев дека нема да знам што друго да додадам до името твое. Љубов само напишав. Па, нели писателите се тажни луѓе? Да, и кога престанат да бидат тажни, престануваат да бидат писатели. Па кој би рекол? Твоите очи приказна ми пишуваа. Те сакав и копнеев по тебе кога толку близу ми беше. А далечините, тие хоризонтите ми ги стеснуваа. Тие во темните ноќи стихови ми пишуваа. Кој би рекол, љубов? Кој би рекол дека ние? Седевме на работ на нашите животни стории, кажувавме двосмислени работи, пиевме ладно пиво и меѓу срцата врели воздишки испраќавме. Ми рекоа еднаш порано дека среќата доаѓа еднаш во животот. Доаѓа за да те убеди дека претходно не си знаел што е среќа. Да ти докаже дека постојат нешта поголеми од најголемите. Дека постојат љубови над љубовите. Срца над с...

Друг ќе ме има

Image
Ама друг ќе ме има! Друг ќе ме има додека тебе други те имаат. И ќе мислиш дека те заборавив, и ќе сакаш да ми се одмаздиш, и без мене ќе продолжиш. Ама, сè ќе ти кажувам. Сите приказни и малечки лаги, и големи вистини. За тебе ќе се радувам. За твоите нови љубови ќе наздравувам. И кога чашата ќе ја подигаш, под очи скришум ќе ме погледнуваш. Бидејќи ако наздравувавме за нас, насмевките поискрени ќе беа, допирите потопли ќе беа, дланките позагреани, срцата поисполнети. Вака, додека наѕираме во полупразните срца, низ до врв полните чаши, и двајцата длабоко ќе жалиме. Ама, ќе се насмевнам. Ќе се преправам дека не е ништо, ќе знам дека некогаш ќе се сретнеме пак. Ќе се сретнеме тогаш кога ќе сфатиме дека животот е премногу краток за да не бидеш со оној по кого копнееш. А таа средба ќе биде најубава. -Кристина Цонкинска, 2016

Сама без тебе

Image
Го истетовира твоето име по цело мое тело. Ги потроши усните запечатувајќи ги нашите спомени, и чувствата од кои ми гореше тлото под нозете. Ги исцрта твоите совршени парчиња низ мојот врат, посипувајќи ја среќата како ѕвезден прав низ моите темни прамени коса. Ми кажа дека ова е засекогаш, ама дека мора да заминеш. Ми кажа дека ќе се сретнеме повторно, бидејќи со бакнеж сме се разделиле. Не ми кажа каде заминуваш, никогаш. Само силен стисок на мојата рака, на која со уште посилен ми возвраќаше. Те сакав најмногу од сите претходни. Те сакав повеќе од сите сегашни и идни. Те сакав како овошје од градината кое не смеам да го скинам. Ме лечеше со бакнежи, секој дел го заши, го закрпе со прегратки. Веќе ништо не ме болеше. Само коските ми се поместуваа од нежностите сокриени во твој допир, само кожата ми се ежеше како сред најстудена зима. Бев најсреќна, но никогаш тоа не го дозна. Никогаш не дозна дека јас и ти сме вчера и утре. Тенки нишки ги испреплетуваа нашите судбини, нашите тела, т...

Извини, не планирав дека сè ќе ми постанеш

Image
Сè уште исто чувство кога во таа соба влегувам, низ времето застаната, и жарчињата по моето тело ме горат како тазе раскрвавени рани. Времето како да се смрзна и на мојата појава престанало да реагира. Те гледам како скришум се смееш, нешто зборуваш, смеа пак. Тишина. Те гледам и хипнотизирана од твојата појава, што зборуваш не слушам. Знам само дека го губам тлото под нозете, ама пак оживувам како за инат на судбината. Предизвик заглавен меѓу растојанието помеѓу нас кое врескаше да не се приближувам повеќе. Опасно беше. Сега кога влегувам гледам само демони кои ме носат надвор низ вратата и ми велат да не се насмевнев никогаш. Ме тераат времето да го вратам и ништо да не почувствувам кога првпат те видов. Се противам и прифаќам истовремено. Веќе како сеедно е кога те нема во близина. Прифаќам назад да се вратам, ама сега само посилни емоции како бранови ме исфрлаат кон твоите дланки чиј трепет го чувствувам. Срцето ми крвари повторно како овојпат да е време да си одам. А, данокот на љ...

Ниеден не е тој!

Image
Ниеден не е како него. Затоа што ниеден друг не е туѓ, затоа што ниеден друг не умее да ме насмее на тој негов начин. Ниеден не е тој, бидејќи никој друг не умеам да го сакам и мразам истовремено, да го уништувам и составувам, да го туркам и приближувам од себе кога ми е најпотребен. Ниеден не е тој, бидејќи никогаш не доаѓа на време, никогаш не го исполнува кажаното, никогаш не го слуша срцето. Само тој го знае тоа, да се појави тогаш кога ќе решам да го заборавам, да се истурка во толпата за да го приметам, да се инаети повеќе кога јас се инаетам, да ме збунува откако ќе се убедам. Ниеден не е како него, а што вие знаете? Ниеден не е како него, бидејќи не е мој. Бидејќи никогаш нема мој да биде. Затоа што не сме еден за друг. Затоа што патиштата ни се вкрстија. Чекорите ни се здружија. Затоа што судбината не спои. Ама, погрешно време било. Погрешно место било. Ниеден не е како него, бидејќи тоа ми го шепоти без да зборува. Проклето да е тоа погрешно време, и тоа погрешно место. И с...

Ама, јас бев секогаш тука

Image
Ама, јас бев секогаш тука...- Ладниот воздух ме пресече на половина реченица, и ветерот како ехо ги однесе тие зборови некаде далеку позади планините. Сакав да трчам и да избегам некаде далеку, сакав иако знаев дека нема тој да трне да ме бара. Можеби и не беше судено да ги чуе тие зборови од мене, можеби сепак не ги заслужи, или беа доволно силни за да му го распарчат срцето. Стоев во далечината и се прашував како понатаму? Дали има понатаму? Ама, јас дадов сè.. Молчев гледајќи во една точка, а се чувствував како цело време да зборувам. И усните ми модрееја од неговите лажни бакнежи, и прстите ми играа од неговите случајни допири. Го гледав него и го гушкав силно, го гушкав силно како да е тоа за последен пат. Му посакав среќа со неа, и пријателски стисок на раката, слаб. Му се приближив и на уво му шепнав, не знам, или чинам му шепотев на уво. „Многу совети ти дадов. Кажи ми сега ти, како ќе живеам со тоа? И не, не ми се слеа солза, јас од среќа плачам. Биди среќен, бидејќи без тебе ...