Живеј сега!
Времето не се враќа, како и шансите. Ако денес имаш прилика да се искачиш до врвот, утре ќе добиеш карта за безбедно да отпатуваш до дното. Еден момент имаш крилја за да полеташ, а само во следниот момент ти си беспомошен ангел со скршени крилја. Ти стоиш на исто место, а луѓето се менуваат. Се издигнуваат и спуштаат, а те бараат зависно од нивната состојба. Кога се горе те понижуваат, а кога се долу те благословуваат. Не им верувај. Зграпчи го новиот ден со целосна дланка и искористи ги максимално сите нови шанси. Надополни го она што го пропушти и поправи го она во кое сметаш дека си погрешил. Упорноста секогаш се исплаќа. Пријателите остануваат секогаш или исчезнуваат засекогаш. Секој избор е твоја предност. Лошиот избор е само добро искуство. Запомни ја својата вредност и не дозволувај нечии постапки да те омаловажат пред сопствените очи. Животот е само една голема лекција. Можеби е најстрогиот учител, но секогаш те тера да положиш со вредна оцена. Единственото што ти останува е ...