Posts

Showing posts from October, 2014

Остани!

Image
Нема да бидеш негова, моја ќе бидеш. -ми ја повлече раката а зениците ги стегаше гневно фрлајќи низ нив искри на лутина. -Твоја? Сега сум твоја? А ќе ми одговориш каде ли беше додека моите желби за тебе пропаѓаа во вода поради твојата висока суета и минимална интрига кон моите чувства? Дали забележа на кој начин јас се борев против себеси за да те заборавам, да те избришам од сеќавањата, да се убедам дека мора да се откажам? Ја прочита ли таа болка која го напаѓаше секој дел од мојот организам? -зборував строго стискајќи ги солзите да не течат врз моите заруменети образи. Се откажав. Не е исто. Не го сакам сеуште, но го имам неговото внимание. Не е најубав можеби ниту поубав од тебе, но има далеку посовршена душа. Позрело сфаќање. Види го, дури и сега додека стојам со тебе ме гледа со страв во очите дека може да ме изгуби. А ти, ти никогаш не го забележа оној мој страв дека ќе те изгубам иако никогаш не те ни имав. Доцна е, сите се променивме. -Но јас сфатив. Сега сфатив дека за...

Помогни ми да ти одолеам

Image
Знаев дека е лесно да се заљубам во тебе, затоа одложував. Не те избегнував поради тоа што не сакав да те видам, туку од стравот дека сакам да те видам. Од стравот дека ако те видам сега ќе сакам пак. Не ме обвинувај поради тоа. Доволен беше еден твој поглед за никогаш да не ги заборавам тие очи. И онака веќе доволно ги паметам. Ама се трудам, не гледаш? Се борам против себе ова да не прерасне во уште една болна љубовна приказна како и сите други. Се стресувам од помислата дека ако не ме засакаш, ќе се скршам. Прости ми, не можам да ти верувам. Толку години ме знаеш, а се сеќаваш на мене само кога немаш друга покрај себе. Сакаш да ја знаеш ли вистината? Те чекав. Те чекав предолго да го направиш првиот чекор, сонував секоја вечер за тебе и се молев на Бога да успее. Поради тебе ги засакав и оние работи кои ги мразев, само зашто тебе ти беа омилени. Поради тебе почнав да ги слушам песните кои некогаш ми ги пееше со такви чувства во кои за малку би поверувала, доколку другиот ден изглум...

Тие двајца беа како магнет, се привлекуваа само тогаш кога си вртеа грб еден на друг.

Image
И тоа беше нешто кое го почувствува за прв пат од своите скоро две децении, нешто од кое се обидуваше да избега исто толку колку што се трудеше да му се доближи. Една одлука погрешна колку што беше вистинска. Премногу погрешна за да верува во неа, а премногу неодолива за да ја прескокне како камче на патот. Во овој искрен свет на лаги, за неа само тој лик беше вистина. Секој ден и причинуваше болка многу повеќе отколку што и причинуваше среќа сите денови собрани откако се појави во нејзиниот живот. Сладок изговор за една горчлива тајна, горко кафе за парче заблажена торта. Тој го надоврзуваше нејзиното добро со лошо, често лошото со лошо, а неретко лошото го претвораше во добро. Тој беше шаренило на карактери. Во себе содржеше милион погледи, перцепции, идеи спротивставени една меѓу друга. Телото му беше распарчено на бунтовни двосмислени чувства, не си даваше на себеси да разграничи на кој начин да делува. Веројатно и не беше способен да каже цврсто дека ја сака и дека ќе се бори до...

Кога девојка знае да стане кучка, опасно е

Image
Јас нема да те следам- каде си, со кого си, кога си доаѓаш од излегувањата, колку пијалаци пиеш, колку девојки погледнуваш. Мене, мене ми е доволна само малку љубов, тронка внимание за да ти верувам безусловно. И да, тоа не треба да значи дека ако ме повредиш јас никогаш нема да дознаам за тоа. Напротив, ќе бидам онаа првата која ќе разбере. Нема да најмам приватен детектив да ме известува, ниту ќе се распрашувам низ селските муабети. Срцево ќе ми каже- ми станува немирно секогаш кога нешто не е во ред во врска со тебе. Ако некогаш очите те излажат, душата ти се предаде, телото те зароби, и посакаш да имаш некоја друга, комотно побарај ме. Извини ми се, но подготви ме на тоа што следува. Секако дека нема да ти простам многу долго време, но барем нема да ми тежи товарот на предавството. Откако ќе те напуштам, после некое време ќе се заледам, ќе ми стане можеби повеќе сеедно, па нема да те мразам. Ќе те сместам како добар дел од моето минато. Пази на едно нешто- не дозволувај срцево да ...

Се заљуби во мене, затоа си најубава!

Image
Сега си најубава! -Сега? Досега не бев ли? Па и не баш. Ми доаѓаше на нерви таа твоја недостижна убавина. -Значи сепак имав убавина.. Не ми се допаѓаше таква. -Ништо не сменив. Очите ми се иста боја, правите прамени од долгата коса сеуште ми сјаат, истата насмевка се обидувам да ја задржам.. -Но смени нешто друго. Нешто те разубави одвнатре. Некој пламен се разгоре помеѓу твоите гради. Таа твоја навидум иста насмевка почна почесто да се развлекува на нежните образи. Почна да наликуваш на пеперутка, леткаш од една мечта кон друга. Таа страна ја барав во тебе, будало. Се заљуби во мене, затоа си најубава. -Кристина Цонкинска, 2014

Наместо очајна, се' потрајна

Image
Немој со таа лута фацка, драги. Кој рече дека не сакам да те имам? Насмевни се, опушти се. Дозволи ми да ја искористам слободата, маж цел живот ќе имам. Таква сум ти јас. Погледни друга, бакни трета, помини една вечер за себе. Занемари ги другите, биди среќен без правила. Точно дека животот е најубав кога ја споделуваш љубовта со некоја си подобра половина, но јас па и да не се придржувам баш кон тоа правило. Денес сум ладна како камен, утре расплакана и чувствителна, а веќе третиот ден отпорна како никогаш досега. Што да правам, природата ме создаде различна. Наместо да се каам, траам. Наместо да тагувам, се радувам. Наместо очајна, станувам се' потрајна. -Кристина Цонкинска, 2014

Еден лик сокриен помеѓу страниците

Image
Понекогаш седнував да размислувам. Длабоко, интензивно, ги резимирав деталите, играјќи ја улогата на мојот омилен детектив. Секогаш кога бев сама празнината како да ми ја исполнуваше љубовната инспирација. Исполнети, неостварени, вистински, лажни, болни. Љубов. Или љубови. Ако постојат обете. Знаете, огромна книга. Илјада страници и уште милион празни кои ги чека нова судбина. Поглавја и поделби, подвлекувања, потцртувања, реченици недовршени. Три точки или запирка запрена во безвременскиот простор. Во секој случај постоеја, беа дел од мене, сакала или не. Некои ми донеле среќа и искуство, други само искуство, а некои најпросто само среќа. И не знаев да си ги објаснам баш оние таквите. Во графата само еден потпис, две иницијали, премногу малечки, збиени, затетеравени во дното на страницата. И еден лик. Едно момче кое никогаш не го доловував на тој начин. Се' некако почна поинаку. Не беше приказна, ако можам и така да ја наречам и воопшто да го негирам постоењето на таа навидум пли...