Posts

Showing posts from February, 2014

Еден свет

Image
Постоеше едно единствено место на светот каде посакуваше да се разбуди сред ноќ и толку поспано да се припие во неговата прегратка. Сега тоа место знае само за два парфеми со мирис на болка. Постоеше само еден свет во кој би се родила повторно само за да ги доживее истите моменти .Свет чиешто небо сега знае само за дождови. Постоеше само една улица, на која врежани нивните имиња ,сеуште ѕиркаа барајќи трошка надеж. Таа улица сега толку напуштена знае само за осаменост. Постоеше само еден расказ ,за кој никогаш не собра храброст да ја стави точката на последната реченица .Расказ кој изморен од ставање запирки знае само за немоќност .Постоеше само еден повик во раните утрински часови кој и ја носеше првата насмевка секое утро .Сега телефонот знае само за болката на будењето. Постоеше само еден збор, никогаш неискажан повеќе .. Тој збор знае само за тапа болка во грлото .Постоеше еден град, еден толку проклет град што ги спои нивните срца ,а сега е толку празен и знае да зборува само за ...

Силата беше нејзиниот единствен избор

Image
Не,таа не беше слаба. Ниту кршлива како стаклена чаша. Едноставно беше исцрпена .Исцрпена да им докажува на луѓето дека таа има нешто свое по кое што никој не смее да посегне .Да верува на слепо ,иако срцето и кажуваше дека веќе оди по еднонасочна улица. Уморна беше од целиот таков живот ,насекаде драми и лажни насмевки, злобни погледи и неискусни актери .Силата беше во нејзината чудесна природа ,која што криејќи ја се подлабоко во себе дозволуваше да излезе само онаа слаба страна . Срцето и беше преполно, но во очите светкаше навестувањето на нејзината болка. Имаше се,но онаа празнина која не знаеше од каде доаѓа ,како се повеќе да ја туркаше во дното. И како би одговорила на сите прашања, искрени и радознали ,кога и самата незнаеше што се случува со неа .Како да се навестува некоја бура, експлозија на доволно преживеаните бродоломи на таа некогаш сосем распарчена душа .Никој не можеше да ја разбере. Ниту таа самата .Но знаеше дека таа сила како бумеранг и се враќа ,што неможејќи да ...

Несфатлива комбинација

Image
Колку само беа различни.Таа пустина,тој море. Тој сонце,таа дожд.Но чудесна поврзаност имаше во тие карактери .Една онаква излудена насмевка која и влегуваше секогаш под кожа правејќи да скока од радост како немирно детенце .Еден нејзин поглед толку длабок и скриен, но сепак моќен како милиони зборови од другите девојки .Тој беше жуборлив извор, таа тивко езеро. Околу него блескаа сите девојки, таа блескаше помеѓу сите момци .Но залудно бегаа еден од друг .Пустината би го променила целиот свет хранејќи се со една капка вода. Тој со неа би го променил цел свет. Тој негов навидум поинаков свет .А толку малку сличности имаше помеѓу нив !

Студот -мрачна опсесија за едно срце

Image
Одненадеж, топлите зборови се претворија во ладни, по некоја случајност пропорционални со временските услови .Додека е топло секогаш радувајќи се на сонцето рацете ги испружуваме и посакуваме да не понесе таа небесна магија ,но кога веќе знаеме дека студот почнал да владее со нашите сетила ,трагаме по нешто што може да не заштити барем за момент. Но знаете,од преголем студ нема заштита . Едноставно се тресиш со целото тело крај она жарче кое што останало да грее мислејќи дека можеби ќе се случи некое чудо и повторно ќе се разгори и ќе ти измами насмевка гледајќи го како се издигнува тој пламен. Реалноста е поинаква. Колку ли начини потребно е да бараш да се разгори тој оган, кога крај себе немаш ништо? Немаш никој кој би ти помогнал да се распламти тој жар. А некогаш ,до тебе беше ТОЈ ,заедно се греевте над врелиот гејзер од емоции чекајќи го со нетрпение секое ново утро. Но ,сега си само ТИ .Се откажуваш,го изложуваш своето тело на тој мраз ,дозволуваш да ти навлезе длабоко во коскит...

Една фотографија

Image
Дали некогаш се прашуваш што остана после нас ? Освен душа празна, срце како скршено огледало кое не се стреми да ги состави своите делови ,избледен поглед ,присилена насмевка.. И уште нешто. Една веќе избледена фотографија. Знам дека ти стои таму некаде во најнедостапното коше од твојата соба. И знам дека често се обидуваш прикривајќи го погледот од неа да не се сосредоточиш на мојот лик . Но ти ја гледаш. Добро знам колку многу ја гледаш додека не почнат да ти натежнуваат солзи на очите .Потоа повторно се насмевнуваш мислејќи дека оставаш впечаток на рамнодушност .Погледот мој сеуште ѕирка од тоа парче хартија ,за некого воопшто невредно ,но за нас вредно повеќе од милион животи .Често ми се случува пролистувајќи ги спомените и јас да навратам на таа фотографија .Има моменти и за двајцата кога толку наивно мечтаеме дека повторно би биле дел од некое ново насликано уметничко дело ,но овојпат со рацете на една безусловна љубов. Верувај ,мојата фотографија беше насликана со најискрено...

Мојата гордост и твојата ладнокрвност

Image
И така, одеднаш сфатив дека сакам да те гледам. Гледајќи го оној твој посебен начин на движење ,случајно нафрлувајќи се во твојот чекор, немарно да ја почувствувам онаа топлина која ја навестува твојата близина. Образите кои се збрчкуваат секогаш кога ќе се насмевнеш по некоја игра на судбината ,правејќи се толку ладен и бесчувствителен. Во еден момент добивам надприродна умешност да го прочитам она зракче на среќа додека ме гледаш. Заробена во твоите чекори, полека ти се приближувам посакувајќи да го почувствувам твоето сетило додека кожата ми врие од облак на насобрани неописливи чувства. Можам да насетам како прикриено ме мамиш да се препуштам на емоциите, се наежувам на таа нивна моќ да ме вивнат кон облаците на ова магично небо кое ноќва паѓа над нас. Се обидувам да продрам убивајќи го оној глупав егоизам и како лава да се излеам низ твоите раце недозволувајќи никогаш да престане онаа привлечна сила која отсликувајќи ја нашата натприродност упорно се труди да се пробие помеѓу мој...

Девојката која никогаш не се осмели да ја има

Image
Уште еден беден припадник на тој необјаснив машки род се обиде да посегне по нејзината убавина.Како и секој друг,беше свесен само за кукавички потези исполнети со егоизам до бескрајна граница.Мислеше дека таа не е ништо поразлична од оној„ тип“ девојки.Иако беспомошноста знаеше понекогаш да надвладее кога се работеше за него,со еден збор успеваше лесно да го спушти на ладната земја одземајќи му ја онаа сила повторно да се издигне во нејзините очи.Беше еден обичен идиот кој никогаш не си призна на себеси колку посакува да ја гледа,да ја има барем на момент.А таа никогаш не се откажа од идејата да ја воздигнува својата гордост и никогаш да не се предаде на нејзината слабост.Уште еден во низата..Не беше свесен колкава одвратност предизвикуваше во нејзиното срце,повторувајќи ги своите глупави постапки.Но таа беше свесна колкава желба ќе му остане тој непочувствуван допир кон девојката која НИКОГАШ НЕ СЕ ОСМЕЛИЛ ДА ЈА ИМА.

Златната рипка

Image
Често знаев да му кажам дека јас сум неговата златна рипка.Трагајќи по немирните бранови на својот сопствен свет,му се предадов безусловно,му дозволив да ме задржи во своите раце иако снемувајќи воздух бедно се борев да живеам мртва поради него.Безброј желби му исполнував,посакувани,изненадувачки..Но како што би се рекло човековата алчност нема граница,така тој ја истисна до капка онаа живост во мене.Бев целосно немоќна да владеам со моите чувства.Ме користеше како амајлија за среќа,кога ладнокрвно одеше да ги лови оние останати невредни рипки во водата.Никогаш не сфати дека нема да најде некоја налик мене.Дури и сега ,од далечина го гледам како немо седи над морето чекајќи некоја која би ме заменила.Доволно сила собрав да се слизнам од неговите раце.А тој,ако ништо друго барем ми ја исполни онаа единствена желба, ме врати онаму каде припаѓам далеку од неговата неверна душа.