Posts

Showing posts from November, 2014

Таа нема повеќе да плаче

Image
Таа нема повеќе да плаче, пријателе. Ги потроши сите солзи како што ти ги потроши шансите кај неа. Сега носи црвен кармин кој ја изразува нејзината сила и се смее погласно од било кога. Зошто да ја мразиш? Зошто да зборуваш наоколу лошо за неа? Таа само продолжи со својот живот. Сфати дека е залудно да се бори за нечии ладнокрвни зборови, додека може да танцува на подиумот од сечии топли дланки. Тешко и` било, зарем не гледаш? Но успеа. Стана најдобра придружба за самата себеси. Се претвори во прекрасен лебед со крилја кон иднината. Таа те заборави. Веќе се чита од нејзиниот поглед колку и` е сеедно кога се работи за тебе. Некогаш и` го ветуваше цел свет, а денес ја презираш. Сакаш да ја гледаш несреќна? Сакаш да биде скршена и без волја за живот? Зошто би била, таа не изгуби ништо. Ти изгуби се`, ама пак среќен си. Зошто таа да тагува? -Кристина Цонкинска, 2014

Никогаш не беше почеток. Никогаш не беше крај.

Image
Тие двајца се гледаа. Се гледаа често. Се гледаа тогаш кога никој друг не ги гледаше. Се љубеа во мислите и далеку позади нив. Тие двајца се криеја. Се криеја позади ѕидовите на гордоста. Се плашеа од стравот на неизвесното. Тие копнееја. Копнееја по страствен допир. Умираа за врели бакнежи. Живееја за сочни прегратки. А само се гледаа. И никогаш не се изнагледаа. Никогаш не беше почеток. Никогаш не беше крај. -Кристина Цонкинска, 2014

Од минато не се бега

Image
И тој мисли на тебе, убавице. Дали пред да заспие или откако ќе се разбуди, тоа нека не те збунува. Ти беше дел од неговиот живот, а сеќавањата не се бришат. Одвреме навреме прелетуваат низ нашиот ум како црно-бели слики и не можеме да им ставиме пауза. Тој, сакал несакал ќе помислува на тебе. А ти главата горе. Од мислење нема фајде. Од минато не се бега, ама пак таму не се ни враќа.  -Кристина Цонкинска, 2014

Како заспивам јас

Image
Посакав да плачам-и заплакав. Не беше тоа проблем за емотивна личност како мене. Единствено на тој начин можев да соберам доволно снага за да ја измаскирам мојата сила во утрешниот ден. Ми се чудеа, ми се восхитуваа, а никој не знаеја..како заспивам јас. -Кристина Цонкинска, 2014

Исповед на едно пријателство

Image
Никогаш не сум умеела целосно да се искажам. Ќе вртам одоколу, по должината на кругот, ќе заобиколувам, но нема да погодам во центарот. Моја грешка или недостаток, можеби само желба да го оставам товарот да натежнува над мене наместо над другите. Не сакав ништо никому да докажувам, да се опрадувам, да резрешувам мистерии во кои знаев дека јас секогаш ќе испаднам послабата бидејќи знам да ја смирам топката, да ја измамам насмевката и да заборавам на трнот кој го гледам во нечии очи. Тежок карактер, ме знаете прилично добро. Но, сепак се чувствував дека имам многу среќа. Ве пронајдов вас, или вие ме пронајдовте мене-како и да е, научив да бидам подобра личност со вас, а набрзо и тогаш кога вие не бевте околу мене. Се збогатив. Во речникот воведов многу зборови кои дотогаш се плашев да ги употребувам. Знаев да кажам ИЗВИНИ и искрено да го помислам тоа. За првпат во мојот живот се врзав силно, и никогаш не почувствував каење поради тоа. Напротив бев благодарна на секој нов ден во кој мож...

Прости, извини

Image
Ајде кукавице, изругај ми се сега зашто не сум успеала со него! Аплаудирај, крши чаши, части ги другарите. Мислиш ако не сум со него нешто ќе се смени? Доста се лажиш, мангупе силен на зборови. Тебе не ти се враќам па дури и да си последен на свет. И сега смеј ми се, само тоа ти остана. Следи ме, што сум објавила, во кој кафич сум седела, со кого сум излегувала. Така ќе ме придобиеш? Така ќе паднам на тебе пак, предавнику? Прости, извини, ама не си се мачи. Не е молба, наредба е. Подалеку од мојот живот. Одлучив да не трошам повеќе време на непотребни продукти. Фала за лекцијата, ама ти одамна заврши во депонија. -Кристина Цонкинска, 2014

Дождовната љубов на мојот праг

Image
Бев лута и на себе и на него. После долгата караница сонот го оставив далеку зад очните капаци, а лентата со зборови кои си ги изнарековме се беше заглавила да се повторува во мојот мозок. Се искрадов во ноќта за да го гледам дождот, а на прагот го зачекав него. Беше влажен од глава до пети, косата му беше прилепена за тилот, а облеката натежната над слабичкото тело. Беше задишан и со глупав израз на неговото лице. Ме погледна продорно, а јас стискајќи се да не прснам од смеа правев напори да го гледам со сериозна загриженост. Како дојде овде?- ми се испушти. Не помина ни минута додека сфатив дека прозорецот на неговата кола беше навистина скршен од онаа причина што јас почнав да го „гаѓам“ со камчиња откако ми претече лутината низ сите сите нервни капилари во кои течеше крв заради него. Немо го гледав и размислував како да ја поправам грешката, а притоа да не попуштам. Уште ме држеше лутината, па морав да сум строга. Во случајов тоа беше невозможно, зашто знаев дека штом ќе го ...

Нешто трајно

Image
Доста ми е од разделби. Заминување. Доаѓање. Исчекување. Далечини. Испраќање. Сакам нешто постојано. Нешто трајно. И вредно. -Кристина Цонкинска, 2014

Заведувач со тактика

Image
Тој е од оние што викаат те сакам, па исчезнуваат. Јас пак од тие што ќе му испцујат се` живо додека го нема. Ќе го замразам, ќе се заколнам дека е готово и ќе се заледам. И после некое време заедно со фразата „дал ме очи варају“ се појавува типов. Насмеан од шеска до шеска, те гледа заводливо, ти се уфрлува цела вечер во чекор. Му се муртиш, демек тргаш погледи, му маваш игнори, а тој упорно ти се смешка онака во фаца доведувајќи те до лудило. И што сакаш сега? Вртам грб, се препотувам, нервите ми се сечат од сам корен, кожава ми се собира, па отпуша. Идиот! Онака глумам недопирлива, го посматрам под око со јасен гнев и лутина. Тргни се бе! А овој посилен. Зема нова пијачка и само се џари. Конечно грб вртам, мислам сум го пресекла еднаш веќе. Ама пусто срце бе. Не ми дава да додржам. Пак се вртам со една поливина, ѕиркам, штракам со забите. Мангупот застанал со друга. А готово! Сега ја помина границата. И така залетано додека со крената глава се обидувам да излетам незабележана низ в...

Три години сум заљубена во ист човек

Image
Три години сум заљубена во ист човек. Три и пол, можда, нема врска. И за него нема врска, дали се денови, месеци или години. Бидејќи тој ги гледа сите други освен мене, има насмевки за сите освен за мене. За него тоа сеедно е. Но, нема да го обвинам. Не е тој виновен што не успеа да ме забележи. Виновна сум можеби и јас. Се криев толку долго време, додека го гледав како со секоја втора девојка станува нешто што никогаш и не беше. Јас го познавав од одамна. Го знаев како наивна личност, добро момче кое има одлични навики и срце за сите. Тоа ме привлече кај него. Неговата добрина и позитивен став кон животот. Насмевката не ја тргнуваше од лицето, се смееше за ситници, чинам никогаш не беше нервозен, потиштен, тажен. Тоа ми ја поттикна желбата да уживам во неговата среќа. Краткотрајно да се радувам. Ми овозможи во меѓувреме да видам како преку ноќ го променија личности кои не вредат. Стана друга личност која ниту самиот не сакаше да биде, и не можеше против себе. Потпадна во други друштв...

Најдобриот најлош господин

Image
Беше потполно луд и неразумен. Гневен, арогантен и нервозен. Се` си правеше по свое. Никогаш не ги послуша моите совети ниту фактот дека јас треба да го советувам. Да беше некоја друга, најверојатно ќе го оставеше. Ќе бараше да се промени, да и` угодува, да стане друга личност поради неа. Но, ете не беше друга, бев јас. И до ден денес ме прашуваат колкава „среќничка“ бев што налетав токму на него. Знаеше да избега од мене и да не се враќа, да се оттуѓи, да стане анксиозен, несфатлив, дрзок. А за некој ден да се врати како животот да му се сменил за триста шеесет и пет степени и да ме заведе повторно како причина за неговата насмевка. Да, зборуваше празни зборови и не докажуваше ништо никому со дела. Премногу беше горд за да попушти, премногу заљубен во себе за да и` пркоси на сопствената суета. Можеби и ме изневеруваше, можеби и воопшто не ме сакаше ниту размислуваше премногу за мене секоја ноќ пред да заспие. Па на некој начин ниту јас праќав војска да го брани кога ќе останеше сам. ...