Posts

Showing posts from September, 2015

Оди си дома! Јас сум девојката на неговиот живот

Image
Ти кажа два-три слатки збора, се залета убавице? Мене ми кажуваше илјада пред да ме освои. Те покани на вотка? Мене со месеци ме канеше на кафе. Ти го испофали телото? Мене ми ја фалеше насмевката. Ти рече дека е слободен? Јас мислев дека е зафатен. Оди си дома кукло. Немаш ни половина од моите години. Лесно ќе те освои, тешко ќе го оставиш. За мене планини подигаше, а сега позади нив се сокрива. Со мене години мина, а сега за ден по вода ги прати. Ти си девојката на една негова вечер, јас сум девојката на неговиот живот. Мислиш дека сум глупава, нели? Да, имаш право. Го познавам многу повеќе од тебе. Таков е тој. Во грешки животот го минува. Јас тие грешки му ги простувам. Јас илјада шанси му давам. Тој со солзи во очите ми се враќа. Ми зборува дека ќе ме ожени, а јас само се смешкам. Лежи на моите гради и прошка од мене бара. Ми ги покажува своите слабости, за јас сила да му давам. Глупава сум, нели? Тој со други се смее, а само с...

Прави најдобро, за да ти се врати со најлошо!

Image
Не плачам. Нема да плачам оваа вечер. Скапа ми е маскарата, нова ми е сенката. Нема да дозволам да ме уништат тие заради кои јас себеси се уништив. Ме заменија. Ме отфрлија и око не им трепна. Ме оставија на цедило. Тогаш кога најтешко ми беше. Тогаш кога избор немав. Тие. Истите тие за кои јас глава сечев. Тие за кои милион ноќи не проспав плачејќи со нив. Не е нож ова, другар мој драг, секира е. Не е во грб, во срце е. Во лице е. Така за најмногу да боли. За да сече. Да крвари раната. Невидлива ме обоија. Тагата ми ја донесоа на послужавник. Ми рекоа пиј од неа. Ми рекоа утре сама ќе си. Ми рекоа си одиме ние. Емотивна сум, другар, иако никогаш тоа не го покажував. Емотивна будала кога станува збор за врзувањето. Ќе отплеткувам, отплеткувам.. На крај, пак ќе одложам. Низ прсти ќе прогледам. Ќе простувам пак. Ама знаеш што? Мене виновна ќе ме направат. Виновна ќе бидам што сум била осамена. Ќе треба да се извинам. Да си простам што правев најдобро, а добив најлошо. Да им се и...

Лоша девојка и добро момче?

Image
Туку да, заборавив. Ти беше клошар и неранимајко. Ти беше срцекршач и женкар. Ти беше горд и идиот. Ти направи сè друго, само мене не ме задржа. Браво. Сега ти аплаудирам од публиката на сопствената заздравена суета. Ти си замина како никогаш да нема да се покаеш за тоа. Ти ме остави и навистина не се каеше. Тебе друга во прегратки ти падна. Нели среќен беше? Нели ја најде љубовта на својот живот? Нели пред мене поминуваше со неа? Невидлива бев. Добра бев. Плачев горко во себе, ама среќен сакав да бидеш. Ниеднаш не те поздравив. Никогаш со скриен не ти заѕвонив. Во чекор никогаш не ти се вмешав. Сакав да видам до кај ќе одиш. Сакам да видам до каде ќе тераш, сега. Отпрво се зачудив зашто ме побара. Помислив дека можеби автомобилот ми е паркиран пред твојот, па не можеш да излезеш. После, сфатив. Ти си се заглавил. Ти сега не можеш да излезеш од кашата во која до гуша си влегол. Те оставила твојата нова мала. Каква храброст, човече. Дури и тоа ми го признаваш. Секоја чест. ...

Ако ти сметам, тргни ми се од патот!

Image
Упорно ми влегуваш во чекор. Одот ми го пресекуваш.  -До каде сме? -Што те нема? Те гледам и ти се чудам како очекуваш после сè да ме има во твојот фамозен круг на движење. -Што ме следиш? Нели ти сметав? Нели добра бев?  Досадна бев, ти текнува?- повеќе за себе отколку за тебе Се вртиш како да не ме слушаш. Тивко како за себе шепотиш. Се препотуваш и на крај како низ пушка ти излетува:  -Не глуми повеќе. Те сакам. Сфатив. Доцна е, ама не е предоцна. Сосила се изнасмејувам: -И јас те сакав. Со Ф, зошто беше грешка. И се учи од грешките ако не си знаел. И знаеш што? Ти мене не ме сакаш. Јас, јас само ти сметам. Ти смета среќна да ме гледаш. Ти смета со друг да ме посматраш. А сега ќе те замолам. Ако ти сметам, направи ми место да поминам. Тргни ми се од патот.  -Кристина Цонкинска, 2015

Барај некоја на мене да не личи

Image
Дали ќе ти фалам- не знам. Не сум јас од тие што ќе ти треснат слушалка и ќе речат-Ќе ме бараш. Па и зошто да ме бараш кога сум рекла КРАЈ? Нема од мене да слушнеш „Никогаш нема да најдеш девојка како мене“. Зошто би нашол некоја иста, кога со мене не ти успеа. Ќе ти речам јас само „-Барај различна. Барај на мене да не личи. Барај на мене да не те потсеќа.“  Ќе се насмевнам и ќе кажам: „ Никоја нема да те сака како мене. Некоја ќе те сака повеќе. Некоја ќе биде мајка на твоите деца.Некоја никогаш нема да те остави“.  А дали ќе ти требам понекогаш во доцните часови на ноќта кога спомените се премотуваат како на филмска лента, не знам. Сигурно јас нема да ти фалам. Можеби ќе ти фали моето внимание, сè додека некоја не ти посвети поголемо. Можеби ќе ти требаат моите зборови, сè додека некоја не зборува погласно. Можеби ќе ти недостасуваат моите допири, сè додека некоја не допира понежно. Ќе ти фали љубов, а ќе ја најдеш. Јас тоа за крај ќе ти го посакам. Најди ја, бидејќи без...

Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе!

Image
Ама, како што се рекло љубомората е болест, па и да не речам епидемија од која се заразуваат луѓето едни од други. Ако на еден почнеш да му сметаш, автоматски и друштвото негово те мрази. Па фамилијата негова те колне, па роднините нивни те презираат. А, ти седиш и грешката во себеси ја бараш. Се чувствуваш и омразена. И невредна. И неважна. Ама, чекај. Немој, другарче. Немој! Не се плаши да изгубиш погрешни луѓе, како што погрешните луѓе не се плашат да те изгубат тебе. Залудно правиш добрини, кога од бел лист со црна дамка, само дамката ти ја гледаат. Остани присебна. Остани посебна. Не се плаши од нив. Тие, тие сите што ти викаат дека не можеш, тие се плашат дека можеш. Тие не можат. Тие мислат дека можеш. Тоа нив ги убива. Твојата моќ немоќни ги прави. Не, не слушај што другите зборуваат. Слушај се себеси. Тој глас е најдлабок, тој глас е најтешок за слушање, а најгласно вреска, најтивко шепоти, најмоќна порака ти испраќа. Не стравувај дека ќе ги изгубиш нив, бидејќи нив никога...