Posts

Showing posts from April, 2014

Ја сакав..

Image
Ја сакав. Боже, и тоа како. Сакав се што беше поврзано со неа. Секој прамен од нејзината коса, секој збор произлезен од нејзините усни. Ја обожавав со сите оние недостатоци и сите совршени додатоци кои ја сложуваа нејзината убавина. За неа изодев километри, изгубив личности од мојот живот, ги сменив сите мои навики. Во некои моменти кога си спомнувам за неа, се сеќавам дека ја сакав и повеќе од што требаше. Можеби и тоа е причината што сега сето ова го кажувам во минато време. Никој не се заситил од претерана љубов. -Кристина Цонкинска, 2014

Да, јас сум борец

Image
Јас не се плашам. Не, немам страв од поразите. Не се откажувам ако во борбата останам победена. Храброста ја чувам себично, гордоста неприкосновено, долж патеките под сивилото на ова немилосрдно небо. Покорно го чувам она што ми припаѓа, не се оддавам лесно станувајќи плен во рацете на оние кои посегаат по недозволеното. Јас не сум предавник. Силата ја чувам за моментите кога ќе ми биде најпотребна, ја резервирам низ длабочините на најнедостапното место и со години ја кријам. Ја кријам се додека не ми остане последниот избор. Јас плачам сама. Глумам насмевки подобро од сопственото јас. Затоа што храброста е мојата одлика. Навикната сум да победувам, но и да не дозволам да станам жртва на предаторот. Не се откажувам од она по што ми плаче срцето. Давам се од себе, предано верувам во она што секојдневно ми го донесува животот. Да, јас сум борец. Мене никогаш нема да ме видиш со наведната глава ниту со симната круна. Јас не сум таа која ја започнува борбата, но знае да ја продолжи. А ш...

Отсекогаш беше таква..

Image
Отсекогаш беше таква. Доволно силна да се затвори скривајќи ги сопствените проблеми, но доволно умна да се преправа дека воопшто и не постојат. Вешто ги криеше солзите кои ја разјадуваа нејзината душа во внатрешноста, а насмевката беше коректор на секоја капка тага која како зрак успеваше да ги допре тајните одаи на нејзиното срце. Уморна беше од животот, постојано страдањето достигнуваше до таа мера што мислеше дека болката е како расипан часовник кој никогаш не знае да ги помести стрелките од своето место. Оние кои добро ја познаваа се чудеа од каде ја наоѓа онаа снага да се разбуди со зрак надеж во своите очи и да се обиде да го направи секој ден нешто ново и недоживеано. Размислуваше поинаку од сите. Веруваше во тоа дека има многу повеќе работи искусено отколку нејзините пријателки на кои единствената грижа им беше кој фустан ќе го облечат таа вечер. Таа се научи да трпи. Се научи дека мора да издржи тогаш кога трновите на животот седнуваат на сопствениот трон и боцкаат до бескрај...

Затворениот случај

Image
И те барав, во сите други момци. Барав една црта која личи на тебе. Без разлика дали тоа беше влакно од веѓата или дупче на образот. Те барав низ мориња и езера, низ пустини и реки, низ мојот ум и мојот заборав. И барајќи те, го изгубив трагот кој потсеќаше толку длабоко на тебе. Доказите се намалуваа, се натрупуваа нови случаи, нови досиеја и подрачја во мојот живот. А таа папка морав да ја затворам. Не знам ни ден денес како да се оправдам кога ме прашуваат за неа. „Само затворен случај“ знаев да промрморам „ случај кој остана нерешен“. Денес би рекла дека веќе е заборавен. Емоциите спласна, надежта исчезна. Листовите хартија паднаа на подот во некој заврлен ќош. Ретко се случува мојот поглед да залута таму, солзите да ми натежнат чисто потсетувајќи ме дека сум доживеала пораз. Пораз кој останал во дното на мојата душа. И нема да се осмелам повторно да ги вратам оние веќе пожолтени страници на мојата работна маса. Така би се натерала себеси да излезам од оној ќорсокак и да почнам од...

Престани, проклет дожду !

Image
Отсекогаш го мразам овој проклет дожд и оние капки кои се лизгаат немирно по моите раце. Со него започнува да владее мојот немир во душата. Моите чевли се сега потешки од било кога, чекорите се болни и бавни. А јас се присетувам на мојата болка. О, проклет дожду, повторно ли доаѓаш да ми измамиш дека мојата болка ќе се измие со таа твоја гадна вода? Повторно ли ме потсетуваш дека патам ? Сакаш ли да ми докажеш дека си ист како моите очи и чувствуваш потреба да се слееш надолу низ моите образи? Немој дожду, немој да бидеш придружник на овие со болка натежнати солзи кои си ветив дека нема да излезат. Немој да им бидеш сојузник кој им дава лажна надеж за пресушување на изворот, немој да бидеш емпатичен на нив. Тие ги заробив длабоко под емоциите. Сонував да пресушат. Да ги грее сонцето. И да се претворат во голема песочна пустина. А сега ги дразниш од нивната длабока внатрешност. О за Бога, престани проклет дожду, не дозволувај ми да се погазам пред себеси,...

Губитник

Image
Која е таа? -Девојката на мојот живот. Ти си голем среќник, пријателе. Ваква убавина тешко е да припаѓа доживотно во нечии раце. -Јас сум најголемиот несреќник што се родил на овој свет.Таа убавина можев да ја чувам засекогаш, да ја покажувам на сите и да се фалам со неа. Тој карактер, таа достоинственост и женственост, гордост и инат, љубов и внимание целосно го добив за себеси. Ги добив и оние мали моменти кога едвај чекав да ми се налути само за да ја смирувам со бакнежи. Сите глупави реакции кои ги правеше преправајќи се дека е љубоморна или кажувајќи ми во лице колкав идиот сум. Ми се остварија безброј повици во доцните часови на ноќта на кои јас никогаш не одговорив. Онаа грижа кога ми фалеше барем влакно од мојата коса и залудните обиди да ме насмевне кога бев нерасположен поради некоја друга девојка. Да пријателе, јас сум губитник. Љубев други, сите мои ноќи ги посветив заведувајќи небитни кучки од кои добивав само по неколку брзо заборавани бакнежи. Своите комплименти ги ...

Упорноста победува се, нели?

Image
Точно е дека упорноста победува се.Погледни ме, дури и сега упорно се трудам да ја задржам цврсто до себе, иако знам дека веќе со години ми припаѓа.А свесен сум и дека повеќе од еден живот потрошив да би ја имал крај себе, толку невино, толку искрено,толку предано, толку засекогаш.

Сложувалката на совршенството

Image
Сакам да пијам кафе сред бел ден седната на терасата од некој удобен кафич уживајќи во музиката. Сакам дискотека преполна со луѓе и разиграност до бескрај. Сонце кое свети силно и ме принудува да ги ставам очилата и да изигрувам некоја „типка“. Фармерки во кои ќе се чувствувам удобно додека ветерот ми ја разбушавува косата и она олеснителна пријатност што следува потоа. Ме излудува кога мојот стомак е прилично рамен на прилепеното фустанче, а штиклите ми се премногу високи и премногу удобни. Парфем кој се чувствува на сто километри. Што ми причинува друго задоволство? Одморот во училишниот двор, и клупите на кои седам премногу опуштено и немарно за тоа каде се наоѓам. Омилените смоки од кечап од кои и триесет пакетчиња не би ми биле доволни. Добра книга и кафе со пријателките. Го сакам и хороскопот кога знае да ми погоди датуми и настани. Обожавам кога налетам на некоја личност толку случајно, а останувам толку пријатно изненадена. Радост ми причинува кога гледам колку лица можат да ...

Затвореник осуден на вечна борба со сам себеси

Image
Ја затворив вратата..Се обидов да го стишам и најтивкиот молк којшто доаѓаше од онаа просторија која ја оставив зад себе. Да признаам, таа беше катче од мојата околина каде се чувствував најисполнето. А види ме сега, го победив искушението.  Не застанав ниту да ѕирнам низ провевот на воздух кој сеуште мириса на твоето присуство. Клучот се заврте низ бравата. А еден најверојатно неколку тони тешок талог на болка налегна над мојата душа. Минуваа денови, а јас не се ни обидов да се поместам од првобитната положба. Само немо седев и губејќи го кислородот од моите бели дробови, чувствував како се повеќе пропаѓам во сопствената бездна. Над моите очи темнината надвладеа, а капаците станаа тешки за подигање. Не ги слушнав твоите чекори на другата страна од проклетата капија која ме претставуваше како затвореник кој е вечно осуден на борба со самиот себеси. Но тебе те нема. А толку многу пати се појавуваш низ оваа просторија. Се појавуваш така како и првиот пат. Со заводлива насмевка, ме ...

Кој ми те краде оваа ноќ?

Image
Ми те крадат ѕвездите, пробивајќи ја својата светлина несебично низ тие смарагдно- зелени очи. И сонцето, кое свесно те оспособува со неговиот зрак внесувајќи топлина во твоето тело. Те краде дури и небото од моите раце, знае да те однесе кон облаците, намерно инспирирајќи ме кон едно вивнување во границите на бескрајноста. И завидувам и на месечината. Често знае да те одвлечка во тајните одаи на ноќта, далеку зад завесите на мојот поглед. Ми те зема и утрото. Секогаш осамнува на твојата постела тивко галејќи го твојот образ додека ги отвораш очите будејќи се од сон. И соништата ми те крадат..Те крадат како само далечна слика од реалноста која ја замислувам јас. Воздухот го одзема секој твој здив, наместо моите бакнежи. И кислородот кој навлегува низ твоите гради те чувствува поблиску отколку мене во овој момент. А да не се присетувам која сега заспива во твојата прегратка и те има на начин на кој јас никогаш не те имав. Секој дел околу мене е себичен. Не ми дозволува да ти припадна...

Кога почнам да пишувам за тебе..

Image
Кога почнам да пишувам за тебе, најчесто сето тоа го бришам. Како да губам свест, или најлогично губам зборови со кои би се искажала на оној начин на кој моето срце заигрува при секоја помисла на твојот лик. Незнам како се појави, најверојатно сосема одненадеж, или можеби подолго време пред да успеам да те забележам. Но знам дека твојата појава носи нешто што дозволува срцето да затрепери како никогаш претходно. Голем сум слабак кога зборувам за тебе. Едноставно и неможам да зборувам. Незнам што се случува сега со мене, најмалку пак што се случува во твојата душа, ниту знам што сме сега ние. Незнам дали воопшто може да се каже дека сме нешто. Можеби си свесен ми го запираш здивот при секоја насмевка што успеваш да ми ја упатиш. И тие неколку заеднички моменти се нешто што всушност го премотувам како расипана касета постојано низ мојата глава.Незнам како да те наречам тебе. Не си ниту мојата љубов, ниту мојата болка, но нешто што тече низ моите вени. Светлина која секогаш ме подига на...