Posts

Showing posts from February, 2015

Таа вечер повторно чекав твој повик

Image
Таа вечер повторно чекав твој повик. Истоштена, уморна и заглавена помеѓу два ѕида се надевав дека ќе дојде време кога ќе можам да го слушнам твојот глас кога и да посакам. Го кревав телефонот и спуштав. Сеќавањата ми доаѓаа како бура, бришеа се` што имавме јас и ти и ме потсеќаа дека всушност не ми припаѓаш. Колкава штета, беше толку мој, а толку туѓ. Ти лежев на градите, а срцето ми беше недостапно. Заробено, чукаше за друга, заспиваше и се будеше со неа додека јас го собирав данокот на љубов кој останал непотрошен после туѓите допири на твоето тело. Јас не се лутев, веќе одамна научив да чекам и да не бидам приоритет во твојата листа на обврски. Бев свесна дека вредам повеќе, но тоа беше единственото нешто во кое верував. Знаев дека твоите ветувања се лажни, но го сакав начинот на кои звучеа. Бев повеќе осамена отколку твоја, повеќе тажна отколку исполнета со искрени насмевки, но ги сакав оние моменти кога можев да те имам само за себе. Ги броев минутите и секундите во кои ти никог...

Играта заврши!

Image
Следниот пат кога ќе ме погледнеш во очи и ќе сфатиш дека се’ завршило, немој да ми бараш образложенија. Ме знаеш. Не сакам објаснувања, изговори и лигави оправдувања. Сигурно нема да застанам за во фаца да ти ги положам сопствените грешки за кои си свесен и повеќе од што треба. Само да прашаш, ради- реда. Да не испадне „си замина дечково без збор“. Не се мачи воопшто. Добро го знаеш она затишје во мене после кое следува бура. Доволно сум паметна за да сфатам каде не припаѓам. Мудра за да заминам пред да бидам напуштена. Созреав за да знам кој би ме држел за рака, а кој на дланка. Кој би ме оставил, а кој би ме измамил. Тебе не знам во кои да те сместам. Ти си оној неуморлив играч кој самиот не умее да распознае што му прави ќеф, а што гнев. Знам дека заборави, оној ден точно ти потенцирав: со мене не се почнува игра, бидејќи нема да ти се верува во сопствените очи на кој начин знам да ја завршам. Затоа, последното правило на играта е без прашања. Ослободи ми го патот да поминам, а по...

Одбирам да патам, наместо да се вратам

Image
Ја видов со друг и посакав да го уништам. Добив сила да ја грабнам од него и да ја однесам некаде каде што целиот свет ќе може да дознае за нас. Таа мене ме сака, ама не можам да докажам. Јас го уништив секој траг. Јас го избришав секој отпечаток од нашите испреплетени раце додека ја лажев дека е мојата љубов. Сега додека ја гледав, а таа мене не ме погледнуваше почнав да се враќам назад. Се сеќавав на сите оние ноќи кога јас неа и` бев се`, а таа мене ништо. Тогаш кога ми рече дека никогаш повеќе нема да ја видам, не верував. Мислев дека е лутина, а беше одлучност. Мислев дека е нервоза, а беше разочараност. Само нека ми е, толку писмен бев за да прочитам. И толку самоуверен за неа да и` верувам. Пак ќе ја пуштам. Нека оди со него, мене најлесно ми е да се откажам. Ќе си патам, ама неа нема да и` се вратам. -Кристина Цонкинска, 2015

Тој никогаш не ја заборави

Image
Тој се чувствуваше виновен бидејќи сметаше дека таа нема никогаш да го заборави. Затоа стана најголемото ѓубре и ја истера од себеси. Ја згази како веќе употребен лист хартија и ја остави во буништето на спомени во неговата душа.Мислеше дека така ќе биде подобро за неа, така ќе направи да го мрази и презира. Во инат негов ќе се издигне, ќе успее. Тој беше убеден дека е рамнодушен кога станува збор за неа. Знаеше дека може да ја отфрли како и никогаш да не била дел од неговиот живот. Сакаше да биде херој дури и кога ја завршува битката со уништување на невина душа. Сакаше да ја закрпи болката со нанесување на една уште поголема. Мислеше дека болката се избива со болка, па удираше во сржта. Кога стана неподнослив и се задоволи со егото дека е доволно лош за да припаѓа некому, замина да го собере данокот на љубов кој останал во неговата запустена ќелија од која често бегаше само за да не мора да се соочи со правот кој останува после сечие заминување. Додека се трудеше да ја исчисти пепел...

Не сме повеќе заедно

Image
„Не сме повеќе заедно“- заѕвечка вистината со болен призвук насетувајќи ја нерамнодушноста во мојот глас. „Друга има тој, и јас имам друг покрај мене. Се` е готово, одамна заврши, дури уште пред да се сетам кога започнало. Тој ми го разубави и уништи животот во исто време. Јас го оставав и му се враќав илјадници пати. Но, не грижете се. Она што ние го имавме беше доволно силно за да постоиме вечно  сплотени во меѓусебните мисли. Тоа поглавје од судбината кое го напишавме со испреплетени прсти ќе остане ремек-дело на една болна и вистинска љубов. Да не беше болна, веројатно немаше да биде вистинска. Вака остана запаметена, и никогаш неизбришлива. И не дека љубовта си заминала, туку заминавме ние. Се разделивме како двајца погрешни, а не бевме никогаш. Трагот од неговиот допир се` уште го чувствувам на мојата кожа како лузна која не сакам да заздрави, раните на моите усни крварат понекогаш како да врескаат дека не сакам да ги закрпам со туѓи бакнежи од страв дека ниеден друг нема ...

Тие и` се смееја зад грб, таа им се смееше во лице

Image
Таа не живееше за да им се допадне на другите, можеби и токму поради тоа не им се допаѓаше. Беше своја и единствена, посебна и различна. Девојка која гласно го искажува своето мислење и знае да сослуша сечие туѓо. Знаеше да биде луда и незаменлива, таинствена и горда, успешна достоиствена дама со порцеланска насмевка и сјај во големите зелени очи. Од другата страна сокриваше едно наивно кротко лице со благи црти и мека душа, повреден скршен поглед со недоверба и страв кон луѓето. Таа нив им сметаше. Им пречеше начинот на кој се носи, стилот кој ја прави уникатна, движењето на нејзиното тело кое ја создава нејзината несовршеност. Таа знаеше дека никогаш нема да биде совршена. Го прифати тој факт како начин на својот живот. Се одлучи да верува дека најдобро е да остане таква и да не се менува. Најважно и` беше да не ги повредува оние кои ги сака најмногу, да внесува благост во нивните срца и насмевки на топлите лица. Но, некогаш и тоа не и` успеваше. Сакајќи да донесе среќа, се унесреќу...

Не сакаше да ја има, а најмногу мразеше да ја има некој друг

Image
Таа не знаеше што ѝ беше тој. Еден ден ѝ беше љубов, другиот ден странец, а потоа необјаснива појава која привремено престојува во нејзиниот живот. Тој стоеше на прагот плашејќи се да влезе во нејзиното срце. Стоеше и намерно го попречуваше патот на оние кои ѝ ја носеа нивната љубов на дланка. Нему тоа му сметаше. Не сакаше да ја има, а најмногу мразеше да ја има некој друг. За разлика од него, таа беше девојка која свесно знае што сака. Се бореше до крај, но знаеше и да стави крај. Кога си одеше не остави трага, но беше свесна дека остави прашина. Во тоа недефинирано множество на елементи, тој го изгуби и последниот атом на љубов кој беше секогаш тука да го пополни неговото срце. -Кристина Цонкинска, 2015

Кој како си ја „наредил“

Image
О, драг пријателе. Дали ти изгледа како да пати? Мене воопшто. Посреќна е од било кога, насмевката ја носи на себе како никогаш претходно. Се облекла во бело, посебно блеска во таа облека иако и секоја друга боја одлично и` стои. Го пие нејзиното омилено кафе, овојпат ладно и горко. Опкружена е со нови луѓе, таа зрачи во толпата. Зарем не ти паѓа прва во очи? Зарем можеш да поверуваш дека некогаш ја имаше? Ајде, оди кажи им. Ќе ти веруваат ли? Ќе поверува ли некој дека само со два збора си можел да ја направиш засекогаш своја? Со тие два зборови кои никогаш не и` ги кажа, од гордост, од инат, од пуста љубомора и висока суета која сакаше да ја потхрануваш. Ете ти го сега. Други слушам трошеле илјадници зборови само за да добијат една нејзина насмевка, топол поглед и трошка внимание. Ти сето го имаше на тацна, а ја скрши. Џабе сега и лепење, кога таа одамна ги собра своите делови и замина далеку од твојот живот. Што ќе ти помогнат приказните дека те сакала, кога тоа го кажуваш во минато...

Пролет? Време за љубов?

Image
Беше април чинам. Пролет, рана-доцна, како да кажам. Во срцевината на ова годишно време. И не дека не знам кој датум и кое место беше, само одлучив да ги прескокнам тие детали. Некои датуми треба да останат запомнети само во меморијата на срцето. Тоа беше ден кога се промени моето се`. Или подобро речено, моето ништо стана се`. Одеднаш, се` во мојот живот доби некаква смисла, секоја форма на светот доби посебен сјај. И сигурно тој сјај не доаѓаше од сонцето, напротив не постоеше никаде другде освен во мојот поглед. Поглед кој кога од далечина умееше да се спои со еден друг сличен пар на очи создаваше незапирлива магија. Некој дел во мене се разбуди. Некој дел кој до неодамна врескаше дека никогаш повторно нема да се заљуби. Но, лага е дека повторно се заљубив, бидејќи откако почнав да се чувствувам на тој начин, сфатив дека е залудно е да се прават споредби. Во мојата глава владееше тотален хаос од измешани мисли, а јас бев среќна поради тоа. Со часови седев и размислував се додека по...