Posts

Showing posts from September, 2014

Ќе слушаш за мене

Image
Ќе слушаш за мене- уште многу. Случајни минувачи и подалечни пријатели ќе те прашуваат за мене. Можеби дел од нив ќе ја фалат мојата убавина, некои ќе бидат воодушевени од моите успеси- а ти? Што ќе им одговориш ти, мил мој? Ќе ја свртиш главата и ќе се правиш дека никогаш во животот не си ме познавал? Или едноставно низ смеа ќе признаеш дека си ми го загорчил животот? Прашај ги. Слободно распрашај се дали сега мојот живот е претворен во црна дамка или гордо стојам со крената глава конечно задоволна што дел од моите соништа можам да ги држам во рака. Грст од желби ја цртаат мојата судбина на синото небо. А тебе те носам како веќе испрана флека на омилениот фустан. Месеци и години ми требаа да ја избришам таа невкусна дамка, но инсистирав. Знаеш, успеваш само тогаш кога си упорен. Ти, не помислувај дека ми го зацрне животот. Фустанот остана црн, но флеката избледе, сега впрочем стана речиси невидлива. Ти ме натера да успеам. Ти ми беше мотив да се истакнам во најдобро светло. Баш пор...

Откако се откажав

Image
Оттогаш не одговорив на ниеден од неговите повици. Стравот дека ќе му простам ме надвладуваше и само го оставав на масичката молејќи се што побрзо да изѕвони до крај. Потоа ги стегав очните капаци за да се спасам од напливот на емоциите и така умеев да заспијам. Најтешко ми беше кога се будам. Се чувствував дека некако бесцелно би било моето постоење. Сакав да спијам уште, и уште. Посакував можеби и никогаш да не се разбудам. Присилно ги стискав очите за да се вратам таму кај што ме чекаат соништата. Неполнетите соништа. И така со часови знаев да се дружам со темнината. Не се гледав себеси како пропаѓам, а не ме гледаше и никој друг. Знаев да се исплачам се дури не останам без здив, да липам додека ме држи гласот, на некој начин да се испразнам. А сеуште некои уништувачко настроени тежини владееа во моето заробено тело. Некогаш се обвинував себеси, се сметав за кукавица што се откажав, се прашував што доколку издржев, што додека додадев уште една во кошницата на неговите милион проко...

Да ти раскажам ли приказна која досега ја немаш слушнато?

Image
-Да ти раскажам ли приказна која досега ја немаш слушнато? Ме гледаше сонливо и со полуподигнати трепки направи напор да ме слуша. Како да кажам, никогаш не сум видела поубава приказна од оваа до мене. Никогаш не се уморив да ја раскажувам, да се збогатувам повеќе од ден на ден со тоа што ја имам, мојата бајка волшебна покрај која сонував будна. Знаев дека сакаше да ја чуе. Нетрпеливо ги триеше очите трудејќи се да ја совлада дремката над неговите очи. Повторно фантазирам, си мисли. Повторно со моите налудничави поетско настроени идеји, кројам, шијам, крпам приказни, слики редам. А далеку од тоа. Немав намера да создадам, се’ беше веќе одамна сплотено. Само што на некој начин па и немав храброст да говорам за тоа. „–Депресивна си мила, напиши нешто среќно, нешто наше. Доста заглавуваш во твоите расплакани светови. Среќна си, среќни сме. “ Не знам колку ми требаше, можеби дел од секундата за да сфатам дека џабе ќе ја трошам хартијата на листот, кога моите раце се поспособни, моите ...

Ветување

Image
Помина со прстите низ двата прамени, свилени станаа од тој допир, чинам. Го задржа здивот, а дишеше кротко. Мир надвладеа во мојве гради, го гледав, закована стоев шаренило на изобилството сочинуваше созвездие во мојот исконски поглед. Јато на нежности низ мене, кожата ме студенкаше,                           усните трепереа врело желни отсекогаш, и тие за него. Ме галеше низ образите,  стравовите ги скроти, Заборавив на ноќи бесни на улици валкани и мориња немирни. Во целост го чувствував сега ми недостасуваше повеќе, а до мене беше. Неговата насмевка сонцето го заменуваше. Испреплетени дланки и шише со вино, неотворено, но полно исполнето и мирно, опиено од нас место ние од него. Музиката ја свиревме, мојата прегратка со неговите научени акорди, оркестар од емоции душава ми ја опушти. ...

Јас сум тука. Јас те чекам.

Image
Овие пожолтени лисја кои ги гледам насекаде околу мене, веќе го одминаа летото. Врелото сонце исчезна, а врелите спомени останаа врежани на моето срце. Сега километри сум далеку од мојата среќа, телото ми е поделено на делови, а повеќе ме има покрај тебе отколку во ова овдешно залудно присуство. Ми остана топлина од твоите сега далечни дланки кои затворени ги чуваат сеќавањата да не избледат. Ми остана една најсилна прегратка во која посакувам сеуште да се будам. Денот кога те напуштив, вешто ги криев солзите, ја притискав болката и во живот ме враќаше само помислата дека некогаш повторно ќе сме заедно. Поминаа само неколку денови,а за мене еден век. Ми фали онаа личност која ми ја врати вербата во љубовта, ми фалиш ти, баш онаков каков што те познавам, онаков каков што си. Сеуште будна ги сонувам сите моменти кои ги поминав со тебе, ситниците кои знаеја да ме направат среќна со денови, пораките од кои ми доаѓаше да го прегрнам целиот свет, ноќите во кои постоевме само јас и ти и две ...
Image
За однесувањето на другите кон вас, најмногу сте свесни самите вие. Не се плашете дека грешите кога и да помислите дека не сте доволно ценети. Најдобро вие знаете. Колку заслужувате, а колку добивате. Сите останати варијации се хендикеп на луѓето кои не го заслужуваат вашето внимание. -Кристина Цонкинска

Ме сакаше на еден поинаков начин

Image
Ме сакаше на еден поинаков начин. Без покажување, без доловување на смислата на таа љубов. Не беше тој од оние момци кои се јавуваа на секои пет минути за ме прашуваат каде сум и со кого сум, не ми носеше букет рози на врата ниту се тепаше со секое момче кое ми се нафрла. Не се интересираше како сум го поминала секој ден, бидејќи за нас само ноќите беа без граници. Ме бараше тогаш кога сите ќе заспијат, тогаш кога улиците беа безбедни, а часовите бавно отчукуваа само за нас. Не ми ја докажуваше неговата љубов, ниту јас некогаш се посомневав во неа. Никогаш не се плашев кога не' оддалечуваа километри, ниту се грижев дали некоја друга може да го украде од мене. Се случуваа и денови да не се видиме, да тераме инат еден на друг, да противречиме. Но после тоа само уште повеќе се заљубувавме. На еден сериозно комичен начин ми пристапуваше, јас како некоја горда лутка му се противев, а на крај попуштав. Го прегрнував и знаев дека тогаш конечно повторно мојот свет е целосен. Никогаш не ме...

„Девојката со ледено срце“

Image
Млада девојка, полна со амбиции, која верува дека пишаниот збор има моќ да го промени светот и да му додаде една поинаква и повесела боја, Кристина Цонкинска. Таа е родена на 6ти Јануари 1997 година во Македонски Брод. Таа има 18 години. Основно училиште завршува во основото училиште Св.Климент Охридски , а понатамошното образование го продолжува во гимназијата св.Наум Охридски во Македонски брод. Кристина, започнува со пишување од својата 13та година. Љубовта кон пишаниот збор кај неа се раѓа во моментот кога таа чувствува дека сопствените мисли и чувства се вредни за да ги преточи на парче хартија. Најмногу пишува за љубовта, за човековите мисли и чувства, како и реални доживувања со кои може секој од нас да се сретне. Инспирацијата ја наоѓа насекаде. Доволно е само парче хартија за да Кристина создаде нешто. Најчесто нејзините приказни се вистински, но понекогаш таа си дозволува да се поигра со зборовите и самата да измисли некоја нејзина приказна. А зошто баш “Девојката со ле...

Зборовите на едно огледало

Image
Познавам една девојка. Ја познавам многу подобро од нејзините пријатели. Скоро и приближно добро колку нејзините родители. Многу тајни споделуваше со мене. Секој ден откако ќе се разбудеше поминуваше часови пред мене. Колку е само прекрасна !- си помислував. Таа е само девојка, млада и убава, со полни образи и нерамен стомак. Совршено ја познавав. Ја гледав во сите изданија. Во нејзините пижами и разбушавената коса без ниту грам шминка на нејзиното лице, во сите фустанчиња во кои никогаш не се осмели да го пречекори прагот на нејзиниот дом. За мене таа беше манекенка. Баш онаква манекенка каква сакав да видам во мојот живот. Сите парчиња облека и’ прилегаа. Сите костими за капење кои ја разочаруваа и ја тераа да ги смалува сопствените вредности во нејзините очи. Ех, да би го видела она што секојдневно јас го гледав. Можеби тогаш немаше да има потреба мојот одраз да ги впива нејзините солзи и да ја сокрива уништената самодоверба. Тој ден од плакарот го изваде црвениот фустан и кога го ...

Ако некогаш се сретнеме

Image
Ако после неколку години случајно ме сретнеш, и ако и тебе те заболи до коска оној поглед сокриен помеѓу нашите зеници, одмини ме. Зачекори со ставот дека си ја убил љубовта, одглуми среќа и не се завртувај назад кон моите успорени чекори кои те чекаат да им станеш сопатник. Само така ќе морам да се натерам себеси да продолжам понатаму, да се мотивирам кон нови одлуки, да почнам да ги потискам чувствата. Ако се издадеме дека сеуште гори искрата помеѓу нас, ќе си ги уништиме бариерите кои не штитат од меѓусебното повредување. Нели не заборави..Ние не знаеме да се бориме за нас. Ни преостана само да се бориме против нас. -Кристина Цонкинска, 2014

Предизвик на љубовта

Image
Се натпреваруваме кој кого ќе повреди повеќе, а во себе гориме за да бидеме најсилни, така заедно. Јас сакам да ти покажам дека сум среќна без тебе, дека можам, дека ќе успеам, издржам. Ти се правиш дека ти е сеедно што ме немаш, се трудиш да ме оставиш како бледа дамка во минатото. Иако сето е глума, јас сум со него, а ти со неа до тебе. И само се бараме. Се будам како да си до мене, заспивам како да го слушам твојот глас од другата страна на слушалката. Ти ја љубиш неа, а знаеш дека усните уште одамна ти се поврзани со моите. Тераме инат, а со тоа ја тераме и љубовта од нас. Но преголема е, огромна е. Не' убива и не' раѓа повторно. Продолжуваме да живееме еден за друг, а еден без друг. Болно е, боли премногу. Да се правам дека не те сакам е најтешката работа што можам да ја направам. Играм некоја улога против тебе, а конците на нашите маски сеуште се нераскинливи. Една душа е, само телата ни се одвоени. И тоа ме сече. Ми тежиш во срцево, а те имам само таму. Ни тој, ни таа н...

Ќе ти падне во очи, но не и во раце

Image
Ќе ти додели некој убав збор, насмевка. Немирно ќе си игра со праменот од нејзината коса, ќе ја гризе нејзината долна усна. Не можеш да не ја забележиш. Тапка со чевлите на подот, исчекува. Ќе ти падне во очи, таква е таа. Ама нема во раце.  Ќе те погледне мило, заводливо. А потоа ќе исчезне. Ќе дигне прашина и ќе замине. Отмено, дамски, достоинствено. Заминува, а ти остануваш да чекаш. И залудно. Повторно ќе те отпоздрави, ќе помине и продолжува. Се’ даваше. Пријателство, утеха, разбирање, само убавината не ја даваше. Неа ја чуваше најмногу. Затоа и никој досега не успеа да ја поседува. -Кристина Цонкинска, 2014

Секогаш едната страна останува покуса

Image
Знаев дека ќе се сврти кругот. Знаев! Затоа и се плашев да бидам повторно со тебе. Тогаш кога твојата љубов растеше, мојата се намалуваше. Кога ти почна да ме сакаш најмногу, јас те сакав минимално. Воопшто не те сакав. Не, не беше ова страв да не ме повредиш повторно. Овојпат не ми беше важно тоа. Напротив, сакав да ме повредиш, за да знам како да те оставам. Сакав да ме убедиш дека повторно си оној истиот кој не е заинтересиран за мене и може лесно да ме замени. Копнеев да си дадам причина за да се оправдам себеси. Но, се' некако беше залудно. Кругот се сврте и тоа триста и шеесет степени. Јас бев онаа која може лесно да замине, ти беше оној кој љубеше неизмерно и ја вложуваше секоја капка сила во нас. Можеби е секогаш така кога сме повредени. Преболуваме длабоко во себе, а не сме свесни за тоа. Се враќаме назад иако сме продолжиле без тоа по што трагаме. Веројатно тука и најмногу грешиме. Во секој случај, секогаш едната страна останува покуса. -Кристина Цонкинска, 201...

Открив каде припаѓам. Одлучив да те имам!

Image
Толку години те имав пред очи, а никогаш не ти припаѓав. Можеби сите оние други кои беа покрај нас, а не во нашите срца не' натераа да ја сокриваме љубовта зад завесите на едно силно другарство. Можеби доколку тогаш се отворев пред тебе и ти го подадев срцево на дланка, ќе бевме неизмерно среќни. Ќе имавме љубов на која сите ќе завидуваа. Ние само направивме да си завидуваме еден на друг. Љубевме некои други од инат, оние кои во ничии очи не беа вистинските, а дистанцата меѓу нас растеше заедно со чувствата кои врескаа за помош од нивното потиснување. И покрај се’ во едно нешто секогаш бев сигурна. Знаев дека секогаш ќе бидеш тука за да ме прегрнеш кога и да сум расплакана од погрешните одлуки во животот кои си ги нанесов самата на себеси. Знаев дека кога и да се упатам до твојот праг, ти ќе ме пречекаш и ќе ме посипеш со нежните зборови кои недостасуваа во моето срце. Те лажев тебе, а најмногу се лажев самата. Мислев ќе заборавам, ќе те гледам со пријателски очи и уште долго ќе ...