Posts

Showing posts from March, 2014

Зошто си несреќен, најмил мој ?

Image
Љубов, зошто гледам тага во твоите очи? Се сеќаваш дека ти ме пушти да си заминам? Како што сонцето изгревајќи ги трга завесите на ноќта, така ти ги затвори завесите на своето срце онаа ноќ кога ме истера од себеси. Твојот период на среќа настапи речиси истовремено со мојата несреќа. Исплакав море од солзи, океан од болки, планини изградив таложејќи ги своите тешкотии.. Додека ти сееше насмевка и топли зборови кон личности кои никогаш не биле предмет на твојата доверба, ниту објект на твојата љубов.Ги затворив ширум капиите на мојата душа, не дозволувајќи низ неа да навлезе ниту капка топлина. Барав утеха низ појави и ликови на кои никогаш не би им прушила рака за помош. Ги изгубив сите пријатели и го сменив однесувањето кон оние кои ги сакам. Станав кршлива и нема. Болна и напуштена. А ти , засади градина со цвеќиња, се искачи низ скалите на успехот. Најде и други очи кои те грееа низ темните одаи на ноќта. Им даде се што никогаш јас нема да го имам. Им понуди се што јас сакав да ...

Тие не ги гледаат солзите кои ги исплакав,не ги чувствуваат стравовите кои ги сокрив

Image
Не сте во мојава кожа, никогаш не сте ја почувствувале оваа болка која ме распарчува се повеќе од ден на ден. Никогаш не сте оделе низ моите патеки полни со трње и рози, боцкајќи се повеќе отколку чувствувајќи ги прекрасните мириси на животот. Вие не знаете како јас го туркам секој нов ден со сили коишто ги црпам од мојата внатрешност, толку празна во која речиси и ништо не се наоѓа. Не сте свесни какви периоди сум поминала, и кои од нив ме направиле појака или послаба, кои ме скршиле или ги составиле деловите од моето распарчено стакло на животниот пат. Не зборувајте како да ме познавате. Не ми судете по изгледот и по постапките. За се што правам имам многу добра причина, а дури и за тоа што не го правам. Навидум изгледам личност која не знае што да прави од својот здодевен живот, но не се оценува книгата според корицата. Не сте биле на дното од најдлабокиот океан на тагата, за да знаете какво е чувството да се исплива на површина цврсто застанувајќи на нозе. И не ме обвинувајте шт...

Задоцнетиот должник

Image
  Ми должиш премногу. Милион прегратки во глувите часови на ноќта додека ѕвездите запаѓаат во мирен сон. Бакнежи од кои ми застанува здивот и ми трепери цела снага. Насмевки кои ме поддржуваа во секоја моја одлука. Карањето кога не сум во право и напорите да ме убедиш дека грешам. Лутењето кога претерувам и слатките скришни погледи додека си лут. Задоволството што го наоѓаш кога знаеш да ме нервираш до болка, а потоа со едно развлекување на насмевката ме смируваш и ме тераш да заборавам на се. Инаетот што го имаш додека се караме кој кого повеќе сака. Твоето тајно доаѓање кое ме излудуваше од среќа. Најмногу ми го должиш твоето присуство. Да бидеш тука кога си ми најпотребен, да ме утешиш кога се наоѓам во некој валкан период од мојот живот, да ги бришеш моите солзи, да ги споделуваш со мене најсреќните мигови.. А љубовта. Неа не ми ја должиш, ми го должиш само нејзиното докажување и малите знаци на внимание кои се повредни од било што. И да, половина живот среќа кој безуслов...

За една љубов

Image
Ги затворам очите најмил мој, дозволувајќи сеќавањата да ме внесат на своите крилја на занесот, да ме присетат на оној страв кој ти толку немилосрдно го победи од мене и ме натера да ти се препуштам толку целосно, толку безусловно, толку засекогаш. Бев само дете, преплашена од изливот на искушението што ме тераше да се откажам од борбата со себеси и да зачекорам кон прагот на твоите усни дозволувајќи да ме понесат во еден свет, кој подоцна ќе се преточи во границите на твоите очи. Не си свесен колкав износ на доверба ми посочи уште од првиот ден кога ја видов онаа потајна решителност во твојот поглед, закана за сите други кои се обидуваат да ме земат од тебе, и цврст став со кој не би дозволил да се лизнам од твоите раце по никаква игра на случајноста. Откако ти се појави, во мојот живот настана пресврт каков што никогаш можеби и не очекував, сфатив колку е прекрасно задоволството некому да му припаѓаш во буквална смисла, да имаш иднина видно скроена од рацете на судбината и отпорна...

Крилјата на копнежите

Image
Ми ја одземаш цела можна инспирација. Сеуште гледам во вратата низ која замина оставајќи траги на подот, и на моето срце, засекогаш. Заглавена меѓу временските интервали кои се испомешаа и почнаа да поминуваат премногу споро откако те нема. Гледам низ прозорците на мојата празна душа, која веќе не се отсликува низ одразот на огледалото на среќата. Ми ја погазуваш целата сила со која веќе се стремам да тргнам напред. Погледот сеуште не издржува, а да не се заврти назад гледајќи го празното место на кое тебе те нема. Ме фрла во очај сеќавањето дека нашето место е сега празно, и чува во себе само избледени спомени. И моето тело е немоќно да се бори против тебе, бидејќи те има во целост. Те има повеќе тебе отколку мене, а моите атоми се неспособни да се оттргнат од твоите сеуште останати привлечни сили. Тоа ми ја предизвикува оваа длабока тага, која секогаш ќе ми се навраќа, со летот на ластовичките кои веќе се враќаат во своите краеви. Доаѓаат без тебе, а ми ја носат твојата љубов низ ...

Зошто ме бараш повторно?

Image
Не успевам да си одговорам на прашањето кое веќе со денови го поматува мојот мозок, не дозволувајќи ме да станам способна за светот околу мене, заробувајќи ме длабоко во сеќавањата на едно минато во кое би патувала без повратен билет. Зошто ме бараш повторно? -Ми одѕвонува во ушите, сега веќе и во сите сетила и го преокупира моето тело со треперење и немир правејќи ме понемоќна од било кога. Сигурно повторно доаѓаш со сервирани лаги на послужавникот, чекајќи самата да ја разнишам масата и да се скрши чашата стакло на мојата доверба. И јас, толку наивна глупачка ги раскрвувам рацете градејќи ја упорно таа мозаична чаша трудејќи се да не останат празни места во нејзиниот состав. Ме бараш зошто знаеш дека сум способна кога се работи за тебе да составам кула од карти на најсилниот ветер и повторно неуморливо да ја градам со надеж дека следниот ветер ќе дува од јужната страна и ќе донесе топлина во твоето срце. Свесно ги пружувам своите дланки за да соберам доволно од твоите камчиња песок,...

Половина срце

Image
Половина срце остана во мене. Викаш дека ми припаѓа и онаа друга половина што ти ја подарив тебе. Не се лажи, душо. Не ми го враќај. Јас останав без него. Останав и без тебе, ама кому му е галје. Не труди се да ми докажeш дека сум згрешила што дозволив тој дел да остане само твој.Не ми го враќај. Ќе ме боли уште повеќе. Чувај го за себеси, фрли го, запали го, изгази го, поништи го.. Но не го носи повторно кај мене. Ќе ме уништи.

Љубовта нема ништо со тоа

Image
Колку време бевме заедно? Неколку месеци, три или четири, пет или шест.. не е ни битно колку.. Можеби и воопшто тоа не беа месеци.. Еден ден те има, па две недели те нема.. Па со месеци не те гледам.. Па доаѓаш, па си одиш ..Се на се, бевме заедно само неколку пати, повеќе раздвоени отколку споени.. Повеќе студ отколку топлина. Но колку трае љубовта моја? Ниту месеци, ниту денови не се во прашање.. Ниту разделбата, ниту кавгите, ниту изневерувањата не се причина. Се разделивме, а љубовта е тука..Ти реков нели, таа не згаснува. И кога повторно би се родила, знам дека таа повторно ќе биде присутна.. Знаеш, едноставно те чувствувам повеќе отколку што се чувствувам себеси, и твојата душа е исто што и мојата. И знаеш..не е битно колку време бевме заедно ..

Достојна за убавина, недостоен за љубов

Image
Види ја, ладнокрвен фраеру. Сите сега се вртат по неа, а таа гордо со крената глава чекори по улицата оставајќи ги без здив половина од претставниците на машкиот пол. Сега сврти се и само погледни ја. Што? Не ти го возврати погледот? Не ни очекувај да го направи тоа. А сега застанува и ја мести долгата коса веќе разбушавена од ветерот. Не застана за да те види тебе, ниту да се заинтересира што правиш и со кого си. Повторно ја крева главата, високите потпетици веќе ја издигнуваат многу над тебе, а таа само го продолжува својот чекор толку бездушно не забележувајќи те. Веќе ја премина границата на твојот од, и сега ја развлекува својата насмевка која дава акцент на неизмерната гордост што ја чувствува. Се чудиш, нели? Очекуваш додека толку самоуверено се оддалечува да не издржи и тајно да ти упати поглед низ немирните прамени коса. Но, ти си толку невидлив. Се насочува кон нови луѓе, нови личности, нови поглавја од нејзиниот живот. Блеска повеќе од било кога создавајќи сјај низ толпата ...

Сино обоена душа

Image
Знаеш, никогаш не се трудев да бидам премногу забележана. Ниту пак да се насочам во оној центар по кој сите посегнуваа изложувајќи го сопственото тело на сите опасности кои им се закануваа. Јас само бев пасивен набљудувач на сопствената судбина. Не е дека никогаш не ја испружив раката кон малите задоволства што ми ја засладуваа душата, туку секогаш тоа го правев во едно погрешно време, на едно погрешно место..Тогаш кога ќе помислев дека конечно во мојата претстава се случува нов чин, доаѓаше нешто да ме убеди во спротивното. Доаѓаа и нови ликови, нови сцени, светот се вртеше за 360 степени, а јас сеуште немо стоев чекајќи нешто, што по игра на случајноста беше вечно недопирливо, забрането, невозможно. Колку пати ја проколнав мојата несреќа, се проколнав себеси, дури несвесно и другите. Како секогаш некој од раце да доаѓаше да ја зграпчи онаа четирилисна детелина од моите раце, погазувајќи ја мојата гордост и оставајќи ме со наведната глава. Плачев за се што беше поврзано со било кој в...
Image
Предоцна сфатив колку сакам да го гледам сјајот во твоите очи, додека скришум преправајќи се ладен дозволуваш да ми упатиш сеуште толку мил поглед. Предоцна успеав да дозволам чувствата кон тебе да завладеат со мене и заробувајќи ме во еден сега мрачен свет да се излеат како врел гејзер долго време сокриен. А толку многу сакав.. И кога би го поделила светот на два дела, едниот дел себично би го зачувала само за тебе. Колку и се обидувам да го избегнам тоа, во мене постои нешто што не се игнорира, нешто што веќе најавува колку силно почнав да те сакам. А никогаш не прифатив, нема ни да прифатам. Знам дека е доцна, можеби и премногу глупаво да се потрудам, исто знам дека можеби веќе јас не постојам во твоите бранови на среќа..Но мојата душа стравува од тоа дека сега е моментот кога ти ми требаш највеќе од се друго што може да се создаде. Премногу каење сега собрано ми натежнува над трепките потискајќи ме низ мракот кој ми го затвора срцето. Дали да те наречам љубов, дали да те наречам...

Таа е неспособна да те замени

Image
Можеби и беше поубава од тебе. Можеби имаше поубав стил, подобро се облекуваше, повеќе се шминкаше..Можеби повеќе се трудеше да ме заведи, беше поистакната од тебе и повеќе ја посакуваа ..Секогаш ми пријдуваше без да размислува, ме бакнуваше пред кого ќе посака и немаше срам да признае кога посакува да ја помине вечерта со мене. И да, и јас со неа бев друга личност. Можев да и кажам се што ќе посакам, никогаш не бирајќи зборови, можев да ја понесам со било кое друштво и на било кое место. Никогаш премногу не се трудев дали ќе заборавам да и се јавам, ниту какво расположение ќе владее со неа денес. Не се будев среде ноќ само да и го слушнам гласот ниту ме обземаше кошмар при помислата дека не сум доволно добар за неа. Да, ми се допаѓаше ..Можеби и многу. Ме воодушевуваше со убавината, и ме радуваше нејзината појава. Но, кога ја бакнував неа..пред моите очи секогаш излегуваше ова твое лице, твоите толку несовршени, ненашминкани усни, разбушавената коса кога стануваш од спиење, онаа ...

Неуморливото чекање

Image
Еден ден ќе ми се вратиш. Со онаа развлечена насмевка ќе се појавиш за да ме шармираш со еден единствен неодолив поглед. Што е најболно, се би ти простила во истиот момент. Јас застаната на оној праг кој го прават годините залудно обидувајќи се да се надминат една со друга, чекам само за помине времето. И се молам да минува побрзо. Да расцутат сите цветови, да се појави пеколното сонце, да дојде уште една есен, уште една зима. И ти да ми дојдеш. Деновите не се битни, ги поминувам некако, се смеам, среќата ја барам во малите нешта. Но онаа празнина ми надвиснува над срцето и го чека твоето срцебиење да ми го стабилизира ритамот на отчукувањата. Знам дека ќе ми се вратиш.. Растргната помеѓу љубовта и гордоста ја ширам прегратката на твоето доаѓање. Знам дека мирисот на лето ќе те потсети на мене, ќе ти врати еден дел од врелите чувства кои ги поседувавме топлејќи се покрај ладното море. Брзото возење и брзите бакнежи, спорите и долги разговори во доцните ноќни часови. Студеното пиво ...

Твоето засекогаш

Image
-Колку ме сакаш? Го праша со онаа детска насмевка додека стоеше припиена во неговата прегратка. -Мала, го гледаш ли дното на реката? Замисли тоа да е еден огромен океан.. Почни од неговото дно и заврши се до крајот на вселената ..Толку. -Но вселената нема крај, дали тоа значи дека твојата љубов кон мене ќе биде бескрајна? -Точно така, рече бакнувајќи ја во челото. Ти и јас засекогаш. Во тој момент се почувствував како никој да не може да ме раздели од онаа негова силна прегратка, од негивиот лик, од неговиот поглед, да ме оттргне од неговите очи.. Но се лажев, неговата љубов отсекогаш била ограничена. За разлика од мојата, во која немаше ограничување, ниту почеток, ниту крај. Таа беше таква, безусловна, безвременеска, беспросторна.. Кротка, смела, силна, незапирлива, нераскинлива.. Неколку пати се запрашав зошто тој не ми го постави истото прашање, но има некоја логика во тоа да не поставуваш прашања кои немаат соодветен одговор. Тој секогаш го знаеше тоа, знаеше дека за него би лутал...

Ти простив се

Image
Ти простив се. Празното место на секоја слика што го чував за тебе. Ноќите кога никаде те немаше. Разговорите кои ги избегнуваше. Зборовите кои некогаш не ги чув. Изговорите кои ги измислуваше. Средбите кои ги премолче. Лагите кои ги обелодени. Рамнодушноста на која не потклекна. Допирите без љубов. Ветувањата кои никогаш не ги исполни. Што друго да ти простам ? Бедното изневерување на секој чекор, скриено од мојот поглед залутан кон нашата иднина ..Обвинувањата кон мене и она твое „промени се“. Бегањето од сопствените грешки. Трчањето во прегратка на друга, тогаш кога најмногу ми требаше. Уште колку грешки да ти простам? Уште колку пати да ја повредам сопствената суета преминувајќи го лабавиот мост над морето од мојата иднина ? Кажи ми, уште колку пати немилосрдно ќе ја повредиш девојката која за тебе се предаде себеси пред Бог и пред сите.. Уште колку место да направам во срцето за да ги претворам твоите гревови во благодети ? Уште колку ? http://www.youtube.com/watch?v=ZaJ_ub9ps...

Први март

Image
Оваа вечер не е помалку студена од другите .Интезивниот ,а тивок ветер повторно успева да ми ги вкочани дланките од студ, да ми навлезе длабоко во градите и со својот дух да ми ги надразне усните чисто потсетувајќи се дека ти повеќе нив не ги љубиш. И срцево ми го обвиваат со ледената обвивка докажувајќи ми по којзнае кој пат, дека и крајот на зимата е доволно болен, приближно како и мојот. Со последните напори напрегајќи се да го задржи студениот бран, ја троши последната капка сила, мислејќи дека тоа е единствен начин да не го напушти вечниот пиедестал со кој владее. Мојот студ сеуште е присутен во мојата душа, би рекла дека во неа постои една исконска љубов, која не би можела да ја искоренам дури и да би живеела два живота. По некое непишано правило, зимата ете проаѓа, на прагот на мартовската променлива природа .Денеска е само првиот ден кој навестува нешто ново, но и една голема вртоглавица пред да удри топлината во нашиот мозок .Се плашам дека таа вртоглавица тешко можам да ја ...